Религија во Босна и Херцеговина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
 
Уставот на Босна и Херцеговина (БиХ) односно уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска ја обезбедува слободата на религијата преку Законот за верска слобода. Сепак во денешно време сеуште постојат определени општествени злоупотреби и дискриминација врз основа на религиозните определби. Дискриминацијата на религиозните малцинства опстојува во скоро сите делови на земјата. Во некои заедници локалните религиозни лидери и политичари придонеле за нетолеранција и зголемување на национализмот преку јавните изјави и проповеди. Голем број на бесправно изградени верски објекти продолжиле да предизвикуваат етнички и религиозни тензии и конфликти во различни заедници. Верски симболи често во земјата биле тема на злоупотреба за политички цели.
 
== Историја ==
 
До 10 век, поголемиот дел од населението на Босна било паганство|паганско, иако Херцеговина го примила христијанството доста порано. Се верува дека првата свештеници биле испратени овде од страна на Рим. Меѓутоа, во првата половина на 10 век, по ззаземањето на Босна од страна на Србија, таа била потчинета на Цариград, Во 1080 година, во Босна била отворена првата католичката епархија. Во времето кога оваа територија била дел од Византија, повторно поголемиот дел од населението го сочинувале православните христијани.
 
Првиот турски напад врз босанско земјиште се случил во 1388, а веќе во 1448 година Османлии|Турските Османлии го зазеле поголемиот дел од централна Босна околу населбата Врхбосна. Во 1463 година се случила една од најголемите битки помеѓу кралот Стефан Томашевиќ и турскиот султан Мехмед II, во која Османлиите издвојувале голема победа. По зазимањето на Босна и Херцеговина од страна на Османлиите започнал процесот на исламизација. Така, во 1520 година, во Босански Санџак|Босанскиот Санџак 38,7% од вкупното население на земјата било муслиманско.
 
Во 1624 година, албанскиот свештеник Петер Масаречи напишал дека во Босна живеат околу 150 000 католици, 75 000 православни верници и 450 000 православни муслимани. По австриската победа над Османлиите, муслиманите од веќе загубените територии на Османлиската империја се населеле на овие простори. По истерувањето на Османлиите од овие простори и воведувањето на австриска власт, според пописот на населението во 1879 година на 42,88% било составено од православни христијани, 38,75% од муслимани, а 18,08% од католици.
 
== Религиозна демографија ==