Религија во Босна и Херцеговина: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 6:
Стапката на верската толеранција е на релативно ниско ниво помеѓу традиционалните религиозни групи. Но сепак, во некои области постои значително поголема верска почит, како на пример кај Католичките Хрвати во Херцеговина и босанските Муслимани во централна Босна. За голем број босански муслимани, религија често служи како една заедница или етничко име. Како основен фактор за омразата која постои помеѓу христијаните и муслиманите е конфликтот кој траел во периодот од 1992 до 1995 во Босна и Херцеговина.
Етничкото чистење за време на војната од 1992-1995 година предизвикала внатрешна миграција и бегалски струи. Зголемен степен на омраза, кој кулминирал до 2002 година, започнал постепено да опаѓа, оставајќи го поголемиот дел од православните Срби да живеат во Република Српска и мнозинство од муслиманите и католиците во Федерацијата. Сепак, последните години започнало враќањето на раселените лица. Според некои примери, пред војната населението во источна Република Српска односно на градот Братунац се состоело од 64 % Бошњаци. Во 1995 година населението станало речиси целосно Срби; во 2007 година, по враќањето на околу 6.500 Бошњаци, населението на бошњачките верници се зголемило на 38%.
|