Разлика помеѓу преработките на „Религија во Босна и Херцеговина“

с
нема опис на уредувањето
с
Уставот на Босна и Херцеговина (БиХ) односно уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска ја обезбедува слободата на религијата преку Законот за верска слобода. Сепак во денешно време сеуште постојат определени општествени злоупотреби и дискриминација врз основа на религиозните определби. Дискриминацијата на религиозните малцинства опстојува во скоро сите делови на земјата. Во некои заедници локалните религиозни лидери и политичари придонеле за нетолеранција и зголемување на национализмот преку јавните изјави и проповеди. Голем број на бесправно изградени верски објекти продолжиле да предизвикуваат етнички и религиозни тензии и конфликти во различни заедници. Верски симболи често во земјата биле тема на злоупотреба за политички цели.
 
== Религиозна демографија ==
 
Муслимани|Муслиманите претставуваат 45% од населението, православните Срби 36%, 15% се римокатолици,, а останатиот процент од околу 4% ги вклучува Евреите и Протестантите. <ref>[http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2008/108438.htm International Religious Freedom Report 2008 - Bosnia and Herzegovina]</ref> Бошњаци|Бошљаците обично се поврзуваат со исламот, босанските Хрвати со Римокатоличката црква, а босанските Срби со Српската православна црква. Еврејската заедница брои околу 1.000 верници.
 
Стапката на верската толеранција е на релативно ниско ниво помеѓу традиционалните религиозни групи. Но сепак, во некои области постои значително поголема верска почит, како на пример кај Католичките Хрвати во Херцеговина и босанските Муслимани во централна Босна. За голем број босански муслимани, религија често служи како една заедница или етничко име. Како основен фактор за омразата која постои помеѓу христијаните и муслиманите е конфликтот кој траел во периодот од 1992 до 1995 во Босна и Херцеговина.