Абдикација: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Абдицирање''' или абдикација (лат. abdicatio = одрекување, одбивање; од ab - од далеку, и dicare, ...
(нема разлика)

Преработка од 03:24, 10 октомври 2009

Абдицирање или абдикација (лат. abdicatio = одрекување, одбивање; од ab - од далеку, и dicare, да изјави, да прогласи како да не му припаѓа) е чин на откажување и истапување од официјална служба, особено од врховна служба во државата. Во Римското право терминот, исто така, се применува за откажување од член на семејството, на пример откажување наследство на синот. Терминот обично се применува за монарси или оние кои официјално се крунисани. Денес соодветниот израз за избрана или именувана функција е официјална оставка.