Хабсбурговци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 8:
Нивното име потекнува од швајцарскиот дворец Habichtsburg (“Јастребов дворец“), седиште на семејството во 12. и 13. век во местото [[Хабсбург]]. Тргнувајќи од југоисточна [[Германија]], семесјтвото го проширило своето влијание и имотите до источните краеви на Светото римско царство, што отприлика одговара на денешна [[Австрија]] (1278-1382). По само две-три генерации, Хабсбурговците успеале да доспеат на царскиот престол, кој со кратки прекини ќе го држат со векови (1273-1291, 1298-1308, 1438-1740. и 1745-1806).
 
По [[абдицирање]]то на царот Карло V, кој воедно бил и кралот Карло I Шпански (1516-1556), династијата се поделила на австриски и шпански Хабсбурговци.
 
Шпанските Хабсбурговци изумреле во 1700 година, што предизвикало војна за шпанското наследство, додека австриските Хабсбурговци изумреле во 1740 година, што од своја страна предизвикало војна за австриското наследство. Како една од причините за нивното исчезнување обично се наведуваат големиот број бракови меѓу членовите на самото семејство, иако вакви врски имало малку во австриската лоза. [[Мали сипаници|Малите сипаници]], кои ги убивале младите потомци, се истакнуваат како вистинската причина. Сепак, наследничката на последниот австриски Хабсбурговец, [[Марија Терезија]], се омажила за Франц Стефан, војводата од [[Лорен]], па нивните наследници ја продолжиле хабсбуршката традиција во [[Виена]], по династиското име Хабсбург-Лорен.