Копаничарство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: така да -> така што, Image -> Податотека
с Бот Додава: tg:Кандакорӣ; козметички промени
Ред 1:
[[Податотека:Kopanicar.jpg|thumb|300px|right|Копаничар]]
 
'''Копаничарство''' е [[применета уметност]], а според некои и [[занает]], на изработка на предмети и [[резба|резби]] од [[дрво]]. Вредноста на изработките е дотолку поголема колку што е поголем предметот, подлабока [[резба]]та и поквалитетно [[дрво]]то. Во таа смисла, [[резба|резбите]] се изработуваат од тврди [[дрво|дрва]], најчесто од [[орев]], и се разликуваат ''плитка'' и ''длабока резба''. Во [[Македонија]] копаничарството има милениумска традиција, што е потврдено со [[археологија|археолошки]] наоди.
 
== Начин на работа ==
 
Копаничарите обично работеле во тнр. ''тајфи'' од еден или повеќе мајстори и неколку помошници. За длабење на [[дрво]]то користеле [[метал]]ни [[длето|длета]] и дрвени [[чекан]]и со различни големини. Материјалот морал да биде суво и цврсто [[дрво]], и затоа одбирале најчесто [[орев]], и тоа сушен повеќе години. Најпрво [[дрво]]то се фиксирало за цврста подлога (работна маса) и потоа на него со молив се нанесувал мотивот. Потоа се длабело [[дрво]]то така што остане само мотивот, и тоа најпрво грубо, со поголеми [[длето|длета]], а потоа и фините детали, со помали.
Ред 9:
Се настојува целата [[резба]] да биде од едно парче [[дрво]], бидејќи ако е составувана постои опасност составните делови да се раздвојат.
 
== Копаничарството во Македонија 14.-19. век ==
 
Во [[Македонија]] се зачувани голем број предмети, релјефи и верски украси од [[резба]] од периодот [[14 век|14]]-[[19 век]]. Најпознати школи во тој период во [[Македонија]] биле Прилепско-слепченската во [[15 век|15]] и [[16 век]] и Дебарско-охридската во [[19 век]]. Речиси сите поголеми [[црква|цркви]] имале предмети и украси од [[резба]], а во некои целата внатрешност била украсена со [[резба]]. Најпознати сочувани дела од овие мајстори се [[иконостас]]ите во [[црква|црквите]] [[Св. Јован Бигорски]] кај [[Дебар]] и [[Св. Спас]] во [[Скопје]]. Покрај тоа, и побогатите куќи биле украсувани со мотиви од [[резба]], познат пример за тоа е таванот во една од собите на [[музеј]] - [[куќата на Робевци]] во [[Охрид]].
 
== Копаничарството во Македонија во антиката ==
 
За да ги пронајдеме корените на древното [[Македонија|македонско]] копаничарство мора да се послужиме со [[археологија|археолошките]] пронајдоци на нашата етничка територија и во светот. Досега пронајдените факти, презентирани во [[музеј|музеите]], [[литература]]та и во медиумите зборуваат за темата што ја интересира јавноста, особено копаничарите. Со сигурност може да тврдиме дека не постои опипливо, зачувано копаничарско дело од античко време, поради краткиот век на животот на [[дрво]]то. [[Археологија|Археолошките]] пронајдоци зборуваат за големото [[култура|културно]]-[[историја|историско]] богатство и за низа предмети и детали изработени од [[камен]], [[мермер]], [[керамика]], [[метал]] и др. [[Дрво]]то, кое сигурно било застапено, се распаднало, не може да посведочи за неговата [[уметност|уметничка]] и [[историја|историска]] вредност.
 
Пронајдената кралска гробница во [[Кутлеш]] зборува за високото [[култура|културно]] и [[историја|историско]] богатство со врвни [[уметност|уметнички]] елементи. Тоа е претставено на ковчегот со 16-зрачното сонце, декоративна плитка пластика во огледален одраз со богати [[орнамент]]и, ногарки што завршуваат со лавовски шепи, пронајдени се [[злато|златни]] желади и [[даб]]ови лисја во вистинска големина. Ако се споредат античките пронајдоци во Кутлеш со сегашните резбани дела и со иконостасите во црквите и [[манастир]]ите, се забележува видна сличност, блискост и истородност. [[Желад]]ите и [[даб]]овите лисја во [[злато]] и желадите и дабовите лисја на [[иконостас]]ите во [[дрво]] слободно може да речеме дека се исти и подеднакво употребувани и застапени во [[уметност]]а во етничките граници на [[Македонија]]. [[Лав]]овските шепи од ковчегот и денеска се резбаат како декор на [[мебел]].
 
[[Флора]]та и [[фауна]]та во античко време, врежана во [[мозаик|мозаиците]], [[мермер]]ите, [[монета|монетите]], [[керамика]]та, и растителниот и животинскиот свет што денеска е најчест мотив на [[иконостас]]ите. Најзастапени елементи во копаничарската [[уметност]], во античкиот и во сегашниот период, се: [[риба]], [[елен]], ламја-андрогин (дракон), [[сатир]], [[кентавр]], [[грифон]], [[лав]], [[орел]], [[паун]], [[змија]], лисје, цветови и плодови од [[смоква|смокви]], [[лоза]], [[афион]], [[даб]] и други. Во античко време, на влезовите во кралските палати и престоли се поставувале по два лава-чувари во [[скулптура]]. Таа традиција продолжила низ вековите, а денеска во старите и во новите [[црква|цркви]] и манастири се ставаат како задолжителни копаничарски елементи покрај владичките престоли ([[трон]]ови).
 
[[Сатир]]от, [[грифон]]от, [[кентавр]]от и други [[митологија|митолошки]] суштества во [[иконостас]]ите се често практикувани елементи и ги има насекаде во различни модификации изрезбани во [[дрво]]. Тоа е уште еден знак за античките корени на копаничарството во [[Македонија]]. Ликот на [[ламја]]та е добро познат во [[уметност]]а на многу древни народи и во [[Среден век|средниот век]] во [[Европа]]. И порано и денес ламјата се става до распетието на [[иконостас]]ите.
 
Во античкиот град [[Баргала]] е пронајдена [[резба]] стара 17 века. На таа [[резба]] на [[дрво]] се претставени луѓе, лавови и геометриски декорации од крајот на [[4 век]]. Изрезбаните симболи и елементи во јагленисаното дрво зборуваат за тесна врска меѓу древноантичките, тогашните (во [[4 век]]) и сегашните резби.
 
Поврзаноста на античкиот период и на копаничарските школи (Прилепско-слепченската во [[15 век|15]] и [[16 век]], [[Света Гора|Светогорската]] на [[Атос]] во [[17 век|17]] и [[18 век]] и Дебарско-охридската во [[19 век]] и денеска е изразена и видна преку приказ на елементите, симболите и на мотивите што се користеле во античко време и сѐ до денес.
 
== Извори ==
 
* [http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2994&stID=73840 Дневник, 18.3.2006.:Античките корени на македонското копаничарство]
Ред 46:
[[nl:Houtsnijwerk]]
[[sv:Träskulptur]]
[[tg:Кандакорӣ]]
[[tr:Ahşap oyma sanatı]]