Демокрит: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rubinbot (разговор | придонеси)
с Бот Менува: fa:دموکریت
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Demokrit.jpeg|thumb|Демокрит од Абдера]]
'''Демокрит''' од [[Абдера]] (околу [[460]]-[[370]] п.н.е.) е најизразит преставник на [[Материјализам|материјализмот]] во [[антика]]та. Тој неговото богатство го потрошил патувајќи по [[Египет]], [[Вавилон]] и [[Грција]]. Тој сметал дека постојат битие и небитие. На битието гледал како на сетилно достапна објективна состојба на светот. Битието, според него, е деливо. Меѓутоа делењето не може да оди до бесконечност, туку мора да запре на некои делчиња што не можат понатаму да се делат. Нив Демокрит ги нарекол [[атом]]и (неделиво). За да докаже дека постојат атомите се служи со еден аргумент на [[Зенон]]. Тој образложува: ,,Ако предметите бесконечно се делат на се поситни и поситни делчиња, тогаш ќе има бесконечен број делчиња. Ако тие имаат големина колку и да е мала, збирот од бесконечно ситни делчиња ќе даде бесконечно голем предмет. Но и овие делчиња да немаат големина, тогаш збирот на бесконечен број делчиња на еден предмет што немаат големина дава предмет без големина". И така претпоставката дека деливоста на секој предмет оди до бесконечност е невозможна (апсурдна), според тоа [[Логика|логички]] следи дека секој предмет кој има определена големина е составен од атоми. За атомите не можеме да речеме ништо друго освен дека се битие. Тие се [[концентрација]] на битието, апсолутна набиеност. Спојувајќи се, атомите, кои, поради тоа што се мали се сетилно недостапни, ги градат сложените тела кои го минуваат прагот на осетливоста и се достапни на сетилното познание. Сложените тела се составени од битие и небитие, од атоми и од празнина.t
 
{{Биог-никулец}}