Бонсаи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 4:
== Историја ==
[[Податотека:Aa tatton bonsai.jpg|thumb|250px|Поставка на бонсаи при градинарска изложба во [[Татон парк]] во [[Чешир]], [[Англија]]]]
Одгледување во саксија, како на дрвја така и на други видови [[растенија]], има историски почетоци уште во времето на Египетската култура и цивилизација. Постојат слики кои потекнуваат од 4000 п.н.е. и кои прикажуваат дрвја посадени во камени садови. [[Фараонот Рамзес III]] на стотина храмови подарил градини кои биле составени од маслинки, палми и други растенија посадени во саксии. И во стара Индија се саделе дрвја и други растенија во саксии за медицински цели и исхрана.
 
Изразот ''penzai'' првпат се појавува во [[Кина]] во времето на ''Џин (Jìn Cháo) Династијата'' во периодот од 265 н.е. – 420 н.е. Со тек на времето оваа вештина се развива во нови форми во различни делови на Кина, Јапонија, Кореја, Виетнам и Тајван. Посебно одгледувањето на растенија во саксија било популарно во Јапонија во времето на кинеската ''Сонг, (Sòng Cháo) Династијата'', период на голем развој на Кина, кога Јапонците присвоиле и примениле многу од кинеските знаења и вештини. Јапонскиот Зен калуѓер ''Kokan Shiren (虎関師錬), (1278-1347)'', во 1300 год. ги поставува естетските принципи за бонсаи, бонсеки и архитектонските принципи на јапонската градина.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бонсаи