Јака - 80 (фармацевтска компанија): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
jaka
(нема разлика)

Преработка од 22:35, 25 септември 2009

Јака 80 АД - Радовиш е современа фармацевтска, козметичка и диететска куќа, која е формирана 1980 година во градот Радовиш, Република Македонија.

Со трансформација на општествениот капитал во 1996г. ЈАКА 80 станува акционерско друштво.

Со фирмата управува Одбор на директори, составен од седум директори, шест неизвршни и еден извршен - генерален директор, на чие чело се наоѓа Претседател.

Во фирмата во моментов работат 450 вработени, од кои висок процент се високообразовани и специјализирани стручни кадри од областа на фармацијата, хемијата, медицината, економијата и др.

Готовите производи АД ЈАКА 80 ги пласира како на домашниот пазар на Р.Македонија, така и на странските пазари. Структурата на продажбата во овој момент ја чинат 60% домашниот пазар и 40% извозот, при што извозот е во постојан пораст. Присутни сме на пазарите на: СРЈугославија, Р.Хрватска, Р.Словенија, Федерацијата БиХ, Руската Федерација, Белорусија, Украина, Азербејџан, Латвија, Ерменија и др.

Надворешни врски