Пријатели (ТВ-серија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: he:חברים
с Бот Додава: sah:Друзья; козметички промени
Ред 1:
{{Инфокутија Телевизиска емисија |
| show_name = Пријатели
| image = [[СликаПодатотека:FRIENDS.png|250п]]
| caption = Насловна тема на ''Пријатели''
| format = [[Ситком]]
| runtime = приближно 22 минути (по епизода)
| creator = [[Дејвид Крејн]]<br />[[Марта Кауфман]]
| starring = [[Џенифер Анистон]]<br />[[Кортни Кокс Аркет]]<br />[[Лиза Кудроу]]<br />[[Мет Лебланк]]<br />[[Метју Пери]]<br />[[Дејвид Швимер]]
| opentheme = "''[[I'll Be There for You]]''" од [[The Rembrandts]]
| country = {{САД}}<br /> | network = ''[[Ен-Би-Си]]''
| first_aired = [[22 септември]] [[1994]]
| last_aired = [[6 мај]] [[2004]]
Ред 22:
Во [[Македонија]], серијата првобитно беше емитувана на неколку телевизии, но првпат во целост беше прикажана на [[А1 телевизија]]. Во 2008, серијата беше во целост репризирана на [[А2 телевизија]].
 
== Потекло ==
ТВ серијата '''Пријатели''' е создадена во [[1994]] од [[Дејвид Крејн]] во [[Бурбенк]], [[Калифорнија]]. Серијата ги има како цел младите, чии интереси за време на [[1990-те]] беа кафéата, излегувањата и независноста.
Двајца од ѕвездите на серијата, [[Метју Пери]] и [[Џенифер Анистон]] претходно имале учествувано во неколку неуспешни ситком пилоти.
Ред 30:
[[Мет Лебланк]] се појавил како Вини Вердучи, дечкото на Кели Банди во ''[[Married... with Children]]'' во раните 1990-ти. Пред да му биде доделена улогата на Џои Трибијани, тој работел адвертајзинг и манекенство.
 
== Појавувања во серијата ==
ТВ серијата Пријатели имала многу познати личности како второстепени ликови. Некои од овие се [[Бред Пит]], [[Брус Вилис]], [[Џорџ Клуни]], [[Шон Пен]], [[Дени ДеВито]], [[Робин Вилијамс]], [[Хелен Хант]], [[Брук Шилдс]], [[Џулија Робертс]], [[Сара Фергусон]], [[Бен Стилер]], [[Алек Болдвин]], [[Ралф Лорен]], [[Ана Ферис]], [[Сузан Сарандон]], [[Винона Рајдер]] и [[Изабела Роселини]].
Исто така, четири ѕвезди од ''[[CSI]]'' глумеле во Пријатели: [[Аиша Тајлер]] од [[ЦСИ Лас Вегас|CSI: Лас Вегас]], Еди Калил од [[CSI: Њу Јорк]], и Емили Проктер и Софија Милос од [[CSI: Мајами]].
 
== Позадина на серијата ==
Оригинално, требало да се вика ''Преку Ходникот, Шестмина од Еден, Инсомниа кафé и Пријатели како нас''. Пријатели е продуцирана од [[Брајт/Кауфман/Крејн Продукција]], во асоцијација со [[Ворнер Брос телевизија]], за [[NBC]]. Премиерата беше на [[22 септември]] [[1994]] на NBC, и беше сметана за комедија која мора да се гледа. Последната епизода беше погледана од повеќе славни серии, ''[[Фрејзер]]'', ''[[Сите го сакаат Рејмонд]]'', ''[[Вил и Грејс]]'', ''[[Кралот на Квинс]]'' и ''[[Сексот и градот]]''.
 
== Сезони ==
{{Разоткривање}}
[[СликаПодатотека:Friendsall67.jpg|десно|мини|250п|Промо постер]]
=== Прва сезона (1994-1995) ===
Фиби, Моника, Чендлер, Џои и Рос се сретнуваат во Централ Перк откако жена му на Рос ќе сфати дека е лезбејка и ќе се разведе од него. Моника и Рос живеат сами, Чендлер и Џои живеат заедно, а Фиби живее со баба и. Старата пријателка од средно на Моника, Рејчел, влегува во Централ Перк носејќи венчаница, откако избегала од нејзината венчавка со Бери Фарбер. Таа се вселува со Моника, наоѓа работа како келнерка во Централ Перк, но се бори за живеачка, бидејќи претходно живеела богат живот. Рос дознава дека жена му е трудна, и таа раѓа момче кое се вика Бен, и кое е растено од Керол и нејзината партнерка Сузан.
Џои и Чендлер имаат врски со многу жени. Чендлер си наоѓа девојка, Џенис, која се појавува во секоја сезона од серијата. Најпозната е по нејзината фраза ''„Oh... my... God!“''
Ред 47:
Фиби запознава еден научник, Дејвид, во кој се вљубува, но тој заминува во Минск за да ги продолжи неговите научни истражувања. Двајцата се разделуваат со скршени срца.
 
=== Втора сезона (1995-1996) ===
Без да знае дека Рејчел всушност е заинтересирана за него, Рос започнал врска со Џули, една негова стара пријатела, со која се сретнал во Кина. На Рејчел не и се допаѓа Џули бидејќи го сака Рос. Во пијана состојба, Рејчел му остава порака на Рос во која му кажува како се чувствува. Рос ја преслушува пораката и има збунети чувства. Наскоро, двајцата се среќаваат и се бакнуваат. Рос не може да се одлучи со која да остане и прави листа на добри и лоши страни за двете жени. Решава дека е вљубен во Рејчел и и раскунва на Џули. Но, Рејчел ја открива листата, му се лути на Рос и одбива да биде со него. Меѓутоа, пријателите гледаат видео лента од матурската на Рејчел и Моника каде што партнерот на Рејчел, Чип, не се појавува. Тогаш тинејџер, Рос вели дека тој ќе ја однесе. Кога Рос се симнува по скалите во одело, Рејчел бега со Чип, којшто задоцнил. Рос изгледа потресен. Во сегашниот ден, Рејчел го бакнува Рос кога гледа колку бил искрен и започнуваат врска.
 
Џои добива работа како др. Дрејк Раморе во [[сапуница]]та ''„[[Денови на нашите животи]]“'' и заработува доволно пари за да се пресели во свој стан, оставајќи го Чендлер, кој пак си наоѓа друг цимер, Еди, којшто е луд. Кога Џои во едно интервју изјавува дека тој самиот си ги пишува репликите, писателите на сапуницата му го убиваат ликот со тоа што тој паѓа во ливтот. Без пари, Џои повторно се вселува со Чендлер и му помага да се ослободи од лудиот Еди. Фиби открива дека има полубрат Френк и почнуваат да се запознаваат. Моника се забавува со Ричард Бурк, [[офтамологист]], пријател на нејзините родители, кој е 21 година постар од неа, но раскинуваат кога Рејчел и кажува дека тој не сака да имаат деца. Кога Чендлер се сретнува со жената со која мирцал, гледа дека тоа била всушност, неговата бивша, Џенис, и тие се бакнуваат.
 
=== Трета сезона (1996-1997) ===
Рејчел ја напушта работата во Централ Перк за да најде работа во модната индустрија. Ја прифаќа работата во Блумингдејлс понудена од странецот Марк. Рос е убеден дека тој сака да излегува со неа, и е љубоморен. Напнатоста меѓу нив двајца расте, и кулминира со тоа што Рејчел предложува да земат пауза. Откако ќе го слушне Марк во позадина додека тој зборува по телефон, Рос претпоставува дека Рејчел е заинтересирана за него или дека веќе се забавуваат. Пијан и во депресија, спие со друга жена, Клои. Кога Рејчел ќе му каже дека сé уште го сака, тој ќе се обиде да продолжат без да и каже за Клои, но Рејчел ќе дознае од Гантер и, по долга ноќ, тие ќе раскинат. Моника, Фиби, Чендлер и Џои ќе се заглават во собата на Моника и ја слушаат целата караница.
 
Ред 59:
Чендлер раскинува со Џенис, и Џои купува пиле за милениче. Џои и Чендлер наскоро ќе почнат да се караат за пилето како да се венчани. Чендлер решава да го врати, но во продавницата не успева, па ја враќа дома заедно со патка. Актерската кариера на Џои оди лошо. Фиби наоѓа жена која исто така се вика Фиби, и која ги познавала нејзините родители. Таа ги кани пријателите на плажа. Во меѓувреме, Фиби му мести на Рос една нејзина стара пријателка, Бони. Рејчел се согласува само затоа што мисли дека Бони е келава. Рејчел се лути кога Рос почнува да се забавува со Бони, која пак, ненајдено доаѓа со нив на плажа. Рејчел не е среќна и ја тера Бони пак да ја избричи главата, за да не му се допаѓа на Рос. Двајцата почнуваат да се караат и чувствуваат дека сé уште се сакаат. Во меѓувреме, се открива дека постарата Фиби е мајката на Фиби. Сезоната завршува со Рос, двоумејќи се меѓу Рејчел и Бони.
 
=== Четврта сезона (1997-1998) ===
Рос се одлучува за Рејчел и и раскинува на Бони. Меѓутоа, Рејчел сака Рос да ја преземе целосна одговорност за неверството, додека пак Рос инсистира дека биле на пауза. Неможејќи да се согласат на таа тема, повторно раскинуваат. Од тогаш па низ целата сезона, тие не се согласуваат многу и ретко се наоѓаат во позитивни разговори. Откако Фиби дознава дека постарата Фиби е нејзината вистинска мајка, оди кај Урсула, која пак тоа одамна го знаела, затоа што ја имала самоубиствената порака на нивната „мајка“. Фиби се согласува да биде [[сурогат]] мајка (да го носи бебето во својата утроба) на нејзиниот брат Френк и неговата жена Алис. Фиби забременува со три бебиња.
 
Ред 66:
Шефот на Рејчел ја замолува да ја однесе неговата ќерка Емили, британка, во театар. Меѓутоа, Рос е оној којшто ја носи, додека пак Рејчел излегува со некој муштерија. Рос и Емили се зближуваат и се свршуваат. Групата патува во [[Лондон]] за свадбата, со исклучок на Фиби, која е во својот последен месец, и Рејчел, која не сака да го гледа Рос како се венчава. За време на пробната вечер, Моника паѓа во депресија затоа што ја помешале со мајката на Рос и поради фактот дека не е во брак. Чендлер зборува со неа, и завршуваат во кревет. Рејчел сфаќа дека сé уште го сака Рос, и тргнува во Лондон за да му каже. Кога стигнува, ги гледа и решава дека не е во ред да ја уништи венчавката. Свадбата почнува, но доаѓа до ненадеен пресврт кога Рос вели „Јас, Рос, те земам тебе, Рејчел“! Сезоната завршува со [[отец]]от како прашува дали венчавката ќе продолжи.
 
=== Петта сезона (1998-1999) ===
И покрај грешката на Рос, продолжува венчавката, но Емили е бесна на Рос и бега за време на забавата. Групата се враќа во Њу Јорк каде што Емили му се јавува на Рос и му вели дека ќе останат венчани само ако Рос вети дека веќе никогаш нема да ја види Рејчел. Рос се согласува, но Емили продолжува да бара неразумни работи, како на пример, да се исели од станот бидејќи Рејчел била таму, или да ги фрли сите свои работи и да купи нови бидејќи Рејчел ги допирала. Рос увидува дека бара многу, и излегува на вечера со пријателите, вклучувајќи ја и Рејчел. Кога Емили дознава, Рос ја уверува дека тие се само пријатели, дека ништо нема меѓу нив. Исто така, и вели дека мора да му верува и ја прашува дали таа тоа го може, но Емили чувствува дека тоа е опасно и му вели не. Одлучуваат да се разведат. Рос се вселува со Џои и Чендлер бидејќи го продаде својот стан, но на крај се вселува во станот отспротива на зградата на Моника и Рејчел.
 
Ред 77:
Џои добива главна улога на филм, но кога ќе стигне во [[Лас Вегас]], ќе дознае дека продукцијата била затворена. Сите доаѓаат во Вегас да го гледаат како глуми, а го наоѓаат како работи како [[гладиатор]] во [[казино]]то [[Caesar’s Palace]]. Во авионот, Рос и Рејчел се задеваат. (Ова го започнува Рос за да се увери дека Рејчел може да се засрами) Но, работите излегуваат надвор од контрола со тоа што Рос и црта брада со [[перманентен маркер]] на Рејчел додека таа спие. Подоцна, Рејчел дознава и збеснува. Таа и Рос се опијануваат и одат до најблиската [[капела]] и се венчаваат. Моника и Чендлер се исто така таму, планирајќи да избегаат заедно.
 
=== Шеста сезона (1999-2000) ===
 
Кога Чендлер и Моника ги здогледуваат Рос и Рејчел во капелата, се одлучуваат да не се венчаат. Откако ќе дознаат дека се венчани, Рос и Рејчел се согласуваат да го поништат бракот за Рос да не доживее трет развод, но тој вели дека тоа е пропаднат брак. Ја лаже Рејчел велејќи и дека го поништил бракот, а всушност не го направил тоа. Рејчел дознава за ова и го тера Рос да го поништи, но дознаваат дека не можат, па затоа поднесуваат за развод. Рос добива нова работа во [[Универзитетот Њу Јорк]], да предава палеонтологија. Евентуално, излегува и со сестрата на Рејчел, Џил, а подоцна и со една од неговите студентки, Елизабет.
Ред 85:
[[Брус Вилис]] гостува во три епизоди како таткото на Елизабет и, евентуално, новото момче на Рејчел. При крајот на сезоната, Чендлер сака да ја запроси Моника, но сака тоа да го направи изненадно. Загрижен е да не се сомнева во нешто, па затоа смислува план да ја избрка од станот преправајќи се дека е против брак и сé што има врска со него. Навидум, сé се одвива како што треба, и баш кога Чендлер треба да ја запроси, се појавува поранешното момче на Моника, Ричард. Во финалната епизода, тој и кажува дека сé уште ја сака и малку фали да му го уништи планот на Чендлер. Ричард и нуди брак и деца, и се што таа отсекогаш посакувала. Во драматичен климакс, Моника е неодлучна меѓу љубовта кон Чендлер и нејзините желби да има сериозна врска. Кога Чендлер дознава за ова, се лути и се обидува да се соочи со Ричард. Тој приметува дека Чендлер е навистина вљубен во Моника и се откажува. Во меѓувреме, Џои и кажува на Моника за планот на Чендлер. Но, кога Чендлер пристигнува, Џои му вели дека Моника не поверувала дека пости таков план, била многу лута и рекла да не и се јавува. Чендлер со скршено срце влегува во станот и гледа дека насекаде има свеќи, а Моника на подот чекајќи да ја запроси. На плачлива, но романтична средба, Чендлер и Моника конечно се свршуваат.
 
=== Седма сезона (2000-2001) ===
Моника и Чендлер почнуваат со плановите за нивната свадба. Рејчел добива промоција во Ралф Лорен и вработува асистент, Тег, со кого почнува да се забавува откако ќе му ги признае нејзините чувства. Рејчел ги прашува Моника и Фиби колку треба да се чека за некого да се покани да излезат откако тој раскинал со девојката. Фиби и Моника даваат разумни одговори, но Џои вели: ''„Рејчел, главното прашање е дали му се допаѓаш? Бидејќи ако не, тоа е се муу точка.“'' Подоцна тој објаснува дека муу точка е кравјо мислење, а тоа не вреди. Откако Рејчел ќе наполни триесет години, раскинува со Тег, затоа што мисли дека треба да има посериозна врска, а Тег е помлад од неа.
 
Ред 94:
Вечерта пред свадбата, Чендлер испаничува и исчезнува. Додека го нема, Фиби и Рејчел наоѓаат позитивен тест за бременост во бањата на Моника, па Фиби претпоставува дека Моника е бремена. Рејчел ја тера Фиби да вети дека никому нема да каже што нашле. Фиби и Рос го наоѓаат Чендлер во неговата канцеларија (додке Рејчел и го одзема вниманието на Моника) и го тераат да се врати назад, но Чендлер ги наслушува Фиби и Рејчел како зборуваат за „бременоста“ на Моника и повторно исчезнува. Но, по кратко време се освестува и одлучува дека бебе и не е толку лоша идеја. Чендлер и Моника се венчаваат, но кога Чендлер и кажува на Моника дека знае за бебето, таа му вели дека не е бремена, и дека тоа не бил нејзин [[тест за бременост]]. Во меѓувреме, Фиби и кажува на Рејчел колку е возбудена за Моника. Рејчел загрижено се согласува. Камерата ја зумира Рејчел како зема длабок здив. Публиката е оставена со прашањето ''„Дали е можно Рејчел да е бремена?“''
 
=== Осма сезона (2001-2002) ===
Рејчел ја потврдува нејзината бременост но никому не кажува кој е таткото. На нејзина несреќа, Џои наоѓа џемпер оставен од таткото на бебето во станот на Рејчел. Фиби се сомнева дека џемперот е на Тег, но Рос го наоѓа и вели дека тоа е негов [[џемпер]]! Откако Рејчел му кажува на Рос дека тој е таткото, а Рос на потешкиот начин дознава дека [[кондом]]ите се само 97% ефективни, тие им кажуваат на сите дека спиеле заедно еден месец пред свадбата на Чендлер и Моника. Рос ја запознал Мона на свадбата и тие излегуваат неколку месеци, но раскинуваат бидејќи се појавуваат повеќе компликации поради татковството на бебето на Рејчел. Како што Рејчел и Џои живеат заедно, тој почнува да развива чувства кон неа. Чувствувајќи дека Рос не ги исполнува своите обврски како татко, Џои и предложува на Рејчел да се всели кај Рос, и таа прави така. Подоцна, Џои и ги признава чувствата на Рејчел, која благо го одбива.
 
По страствен бакнеж со Рос, Рејчел почнува да се породува, и додека е во болница, мајка му на Рос му дава прстен и му вели да ја запроси Рејчел. Рос го чува прстенот во својата јакна, иако не сака да ја запроси. Рејчел чека 21 час за да почне да се пораѓа, и дели соба со пет различни жени (вклучувајќи ја и Џенис) и сите пред неа се пораѓаат. Рејчел ја раѓа Ема. Џои го наоѓа прстенот откако тој ќе падне од јакната на Рос. Тој клекнува да го земе. Рејчел, гледајќи го Џои клекнат со прстен во рака, мисли дека ''тој'' ја запросува и се согласува. Моника и Чендлер одлучуваат да имаат бебе.
 
=== Деветта сезона (2002-2003) ===
Рејчел сфаќа дека Џои не ја запросил, но ни Рос. Откако Рос нема да и пренесе порака од едно момче на Рејчел, двајцата ќе сфатат дека иако имаат дете и живеат заедно, но не СЕ заедно, многу е комплицирано, па затоа Рејчел се сели кај Џои со Ема. Чендлер мора да оди да работи во [[Талса]], [[Оклахома]]. Моника решава да не оди со него, откако и ја нудат работата од соништата во Њу Јорк. Чендлер на почетокот издржува, но откако ќе му речат дека треба да работи за време на Божиќ, тој почнува да размислува да даде оставка. Кога ќе му се пушти една асистентка Венди, тој дава оставка и наоѓа нова работа во адвертајзинг. Откако цела сезона неуспешно се обидува да остане бремена, тестовите ќе покажат дека Чендлер и Моника не можат да зачнат бебе, па затоа одлучуваат да посвојат. Фиби почнува да излегува со Мајк Хениган ([[Paul Rudd]]) откако Џои ќе и го намести (Џои всушност ја излажа дека знае некој тип што се вика Мајк, па оди во централ перк и вика „Мајк!“. Мајк Ханиган се врти и така го убеди да излезе со Фиби.). Тие почнуваат да живеат заедно, но раскинуваат кога тој ќе и каже дека не сака брак. Рејчел го сонува Џои и почнува да и се допаѓа.
 
Групата оди во [[Барбадос]] поради важен говор што треба да го одржи Рос. Фиби го носи своето старо момче, Дејвид, а Џои - неговата девојка Чарли, која пак е колешка на Рос, а и на Рос му се допаѓа. Чендлер не сакајќи му дава лош совет на Дејвид, и тој се одлучува да ја запроси. Моника дознава и му се јавува на Мајк за да му каже да се врати со Фиби. Мајк пристигнува во Барбадос и ја запросува Фиби. Таа го одбива, но повторно се заедно бидејќи знае дека нивната врска има иднина. Џои и Чарли раскинуваат. Џои дознава дека и се допаѓа на Рејчел, но ја одбива бидејќи чувствува дека така би го повредил Рос. Меѓутоа, откако Џои ќе ги види Рос и Чарли како се бакнуваат, се враќа во собата на Рејчел и ја бакнува.
 
=== Десетта сезона (2003-2004) ===
Џои и Рејчел се заедно само три епизоди. Откако нивната врска била платонска толку долго, сега им е непријатно да продолжат. Чарли му се враќа на едно поранешно момче. Мајк и Фиби се венчаваат пред Централ Перк на еден студен и снежлив ден. Чендлер и Моника поднесуваат за посвојување дете од една млада жена, Ерика, и одлучуваат да се преселат во предградијата на Њу Јорк. Ерика раѓа близнаци, машко и женско, кои се крстени Џек (по таткото на Моника), и Ерика. Чендлер и Моника се согласуваат дека две деца е добра работа.
 
Ред 114:
{{endspoiler}}
 
== Занимливости ==
[[Податотека:Friends Central Perk couch.jpg|thumb|[[Централ Перк]] во првобитна состојба во студијата на Ворнер Брос]]
''Пријатели'' влијаеше во многу полиња на популарната култура, а посебно во модата. Фризурите на женските ликови во серијата станаа секојдневни во светот, а косата на Џенифер Анистон доби и надимак „The Rachel“.
Ред 122:
Кафулето ''Централ Перк'' доживеа имитации во многу земји од светот. Во [[2006]], ирански бизнисмен започна „Централ Перк“ франшиза, регистрирајќи го името во 32 земји. Декорацијата е инспирирана од онаа во ''Пријатели''. [[Џејмс Мајкл Тајлер]], кој во серијата го толкува Гантер, келнерот во кафулето, присуствуваше на отворањето во [[Даблин]].
 
== Гледаност ==
66-минутното финале беше означено како најголемиот ТВ момент за [[2004]], а истата година беше втора најгледана епизода со 52,5 милиони гледачи (43% од сите гледачи таа ноќ). Сепак, не успеа да постигне поголем успех од финалето на [[M*A*S*H]] (106 милиони) во [[1983]] (кое воедно е и најгледана епизода во ТВ историјата на [[САД]]), ''[[На здравје]] (Cheers)'' (80,4 милиони) во [[1993]] и [[Сајнфелд]] (76,3 милиони) во [[1998]].
 
Ред 217:
{{reflist|2}}
 
== Надворешни врски ==
{{commons|Category:Friends (TV-show)}}
* [http://www2.warnerbros.com/friendstv/index.html Официјална страница на ''Пријатели'']
Ред 264:
[[ro:Prietenii tăi]]
[[ru:Друзья (телевизионный сериал)]]
[[sah:Друзья]]
[[sh:Friends]]
[[simple:Friends]]