Чарлс Лајл: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: thumb|'''Чарлс Лајл''' Чарлс Лајл, барон, витез, сер, (14. ноемв...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
Од 1830. до 1833. објавени се неговите томови ‘Принципи на геологијата‘ (анг. Principles of Geology). Работниот поднаслов бил ‘Обид да се објаснат поранешните промени на земјината површина врз основа на данешните случувања‘ (анг. An Attempt to Explain the Former Changes of the Earth's Surface by Reference to Causes now in Operation), и ова го објаснува силното влијание на Лајл врз науката. Заедно со својот претходник [[Џон Плејфер]] (енгл. John Playfair), тој бил главен заговорник на тогаш контроверзната идеја за униформитаризам, дека земјата е обликувана со бавни движења како резултат на сили кои дејствуваат многу долг период.
 
Ова било спротивно од катастрофизмот, геолошка идеја која се поклопувала со староста на земјата која ја наметнала библиската хронологија. Во различни ревизии на изданието (вкупно дванаесет, во текот на 1872 г.),‘ Принципите на геологијата‘ бил највлијателниот геолошки труд во средината на 19. век, и многу направил [[геологија|геологијата]] да го добие сегашниот облик. За овие напори промовиран е во витез во 1848 г., а потоа и во барон во 1864 г.