Риби (хороскопски знак): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: tr:Balık burcu
с Бот Додава: bn:মীন (জ্যোতিষ শাস্ত্র); козметички промени
Ред 1:
[[СликаПодатотека:Pisces2.jpg|200px|right|thumb|Риби]]
'''Хороскопскиот знак Риби''' ([[Латински јазик|латински]]: '''Pisces''', [[Грчки јазик|грчки]]: '''Ιχθύες''') го носат оние кои што се родени помеѓу [[19 февруари]] и [[20 март]]. Со овој знак владеат планетите [[Нептун (астрологија)|Нептун]] и [[Јупитер (астрологија)|Јупитер]]. Симболот [[СликаПодатотека:Pisces_symbol.png|20px|Знакот на рибите]] претставува две риби што пливаат во спротивен правец.
 
== На пат низ зодијакот ==
На последниот степен од патувањето, човекот е подготвен да се растопи со универзумот. Се појавува надеж за милост. Со комбинацијата на негативна променлива вода, Рибите се најспособни за импресии, и се едни од најтешките за дефинирање. Владетелот [[Нептун (астрологија)|Нептун]] им дава моќна имагинација.
 
== Мотивација ==
Рибите ги чувствуваат туѓите радости и таги како свои. Она што [[Водолија (хороскопски знак)|Водолиите]] го проповедаат, Рибите го спроведуваат. Често се привлечени од мистичното, а бидејќи се со променливо расположение, лесно можат да станат плен на измама.
 
== Во работа и интереси ==
Рибите работат најдобро кога работат со емоции, или кога се грижат за другите. Затоа често ги наоѓаме во добротворни институции или места кои пружаат лекување и помош. Не се добри организатори, и не сакаат рутински обврски. Ги има меѓу свештениците, спиритуалистите, трговците со чевли и производи поврзани со вода, во компании за наркотици. Родени глумци се, и природно надарени танчери. Многумина од нив имаат посебна дарба.
 
== Во односи ==
Рибите лесно создаваат пријателства без дискриминации. Сакаат да им бидат сè на сите луѓе, секогаш се
љубезни, знаат да простуваат и да се прилагодат на туѓите потреби. Во љубовта, партнерот го гледаат низ „розови очила“, па затоа ги следат разочарувања. Им треба стабилен партнер кој може да им биде котва и кој може да излезе на крај со нивното променливо расположение или прекумерните реакции.
 
== Домашен живот ==
Домот на Рибите може да биде скромен, но вратата обично не е заклучена, па пријателите може да влезат во било кое време. Може и да се послужите сами, ако дома нема никој. Купатилото и кујната се секогаш преполни со алишта и садови, а ситните предмети се расфрлени насекаде. Рибите родители се другари во игрите на своите деца, и секогаш наоѓаат време за нив.
 
== Зборови кои ги опишуваат Рибите ==
Важи за двата пола: променливи, емотивни, гостољубиви, дружељубиви, пожртвувани, идеалистични. Понекогаш: хаотични, лажливи, зависни, лесноверни, неуредни, со две лица, плачливи, нестабилни.
 
== Користена литература ==
*Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
*Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
Ред 32:
[[az:Balıqlar (astrologiya)]]
[[be-x-old:Рыбы (знак задыяку)]]
[[bn:মীন (জ্যোতিষ শাস্ত্র)]]
[[ca:Pisces (astrologia)]]
[[cs:Ryby (znamení)]]