Католички кралеви: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Католичките кралеви''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Reyes Católicos'') е титула која во историјата се користи за кралицата [[Изабела I Кастилјска]] и [[Фернандо II Арагонски]]. Оваа титула била дадена од страна на [[Папа Александар VI]] (во историјата е познат како ''Родриго Борџија''). Тие се венчале во [[1469]] година во [[Ваљадолид]].

Католичките кралеви го користиле своето познато мото: "''Tanto monta, monta tanto, Isabel como Fernando''" ([[македонски јазик|македонски]]: "Колку вреди едното, толку вреди и другото, Изабела како Фердинанд"). Соединувајќи ги “круните“ на најголемите кралства во тоа време на [[Ибериски полуостров|Иберискиот полуостров]], [[Кралство Кастилија]] и [[Кралство Арагон]]. Со ова, тие всушност ги поставиле темелите на новото Кралство Шпанија, кое конечно било формирано во времето на нивниот внук [[Карло V, цар на Светото Римско царство|Карло V]]. Со времето, оваа титула на еден начин му била оправдана ако се има предвид протерувањето на [[Маври|Маврите]] од Иберискиот полуостров за време на [[Реконквиста|Реконквистата]].
 
Владеењето на Католичките кралеви се совпаѓа со периодот на завршување на Среден век|Средниот век и започнувањето на модерната историја. Преку создавање на силна централистичка власт со помош на градовите, била создадена монархија која имала сила да се бори против големите феудални семејства. Со освојувањето на Гранада, Навара, Канарски острови|Канарските острови, како и делови од Северна Африка била создадена држава која денеска во историографијата е позната како Кралство Шпанија.