Закон за запазување на масата: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова
 
Дополнување
Ред 1:
'''Законот за зачувување на масата/материјата''', некаде познат и како '''принцип за зачувување на масата/материјата''' или '''закон за неуништливост на материјата''', е еден од основните закони во [[физика]]та и [[хемија]]та (и [[природа]]та, воопшто) кој гласи дека [[маса]]та на еден [[затворен систем]] ќе остане постојана со текот на времето, без разлика на процесите кои се одвиваат во системот. Слично, масата не може да се создаде или уништи, но може да се прераспореди во просторот и да се измени во различни типови на честички. Ова укажува дека при секоја [[хемиска реакција]] во еден затворен систем, масата на [[реактант]]ите мора да е еднаква на масата на [[Продукт (хемија)|продуктите]]. Ова е и главната замисла на [[Прв закон на термодинамиката|Првиот закон на термодинамиката]].
 
Масата не се зачувува целосно во [[Отворен систем|отворените системи]], кога различни видови на енергија влегуваат или излегуваат од системот.
 
== Историски развој ==
{{Физика-никулец}}
 
{{Хемија-никулец}}
[[Лавоазје]] во [[1774]] година, во експеримент во кој загревал [[калај]] со [[воздух]] во затворениот сад, приметил дека тежината на целиот систем е иста пред и после калцинацијата. Со ова е докажано дека системот ниту добил, ниту изгубил на тежина. Овој експеримент укажал на фактот дека нема промени во количината на материјата пред и после реакцијата.
 
=== Дефиниција ===
 
Законот за зачувување на масата може да се дефинира на следниот начин:
 
{{Цитат|Вкупната тежина на супстанцата која влегува во реакција е еднаква на вкупната тежина од продуктот на реакцијата.}}
 
Доколку A и B претставуваат тежини на две супстанци кои учествуваат во некоја хемиска реакција во која се создаваат тежините C и D на другите две (хемиски променети) супстанци, законот за зачувување на масата може да се изрази како:
 
'''A+B = C+D'''
 
Иако демонстрацијата на овој закон се припишува на Лавоазје, овој закон бил јасно дефиниран од страна на рускиот хемичар [[М. В. Ломоносов]] во [[1756]] година. Х. Ландолт ([[1893]]) и А. Хејдвејлер ([[1901]]) извршиле експерименти со кои ја потврдиле точноста на овој закон. Од овие експерименти заклучиле дека постои мало отстапување во вкупните маси, но дека овие отстапувања се во рамките на експериментални грешки.
 
Џ. Џ. Мали во [[1912]] употребил вага која била силно усовршена за да се отстрани недостатокот од горенаведените експерименти. Тој успеал да докаже дека во случај на реакција меѓу [[бариум хлорид]] и [[натриум сулфат]], секоја промена во масата мора да биде помала од еден милионити дел.
 
Кога се зборува за овој закон, мора да се забележи дека според [[Теорија на релативност|теоријата на релативност]] на материјата (како облик на енергија) и енергијата може да преоѓа од една во друга форма, во меѓусебен однос кој е дефиниран со познатата [[Алберт Ајнштајн|ајнштајнова]] равенка:
 
'''E = mc 2'''
 
каде:
 
'''E''' - ослободена или апсорбирана [[енергија]]
 
'''m''' - губиток или добиток на маса
 
'''c''' – брзина на [[светлина]]та.
 
Со други зборови, наместо двата фундаментални закони: закон за одржување на масата и законот за одржување на енергијата, постои само еден принцип.
 
При било која хемиска реакција која е придружена со промена на температурата, се врши и одговарачката промена на масата. Тоа значи дека при хемиската реакција се врши промена на масата, но ако се земе во предвид високата вредност ''c'', губитокот на масата е исклучително низок и според тоа законот за зачувување на масата како што погоре е наведен може да се земе за точен за сите експериментални мерења.
 
[[Категорија:Физички закони]]
[[Категорија:Хемиски закони]]
 
[[en:Conservation of mass]]
[[ar:قانون بقاء المادة]]
[[bs:Zakon održanja mase]]
Ред 14 ⟶ 45:
[[ca:Llei de conservació de la massa]]
[[de:Massenerhaltungssatz]]
[[en:Conservation of mass]]
[[el:Αρχή διατήρησης της μάζας]]
[[es:Ley de conservación de la materia]]