Амид: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
 
Атомот на азот е петвалентен, што значи дека тој може да образува вкупно пет [[Хемиска врска|хемиски врски]] со други атоми. Кај амидите, тој е поврзан со еден атом на карбонилниот јаглерод, а останатите две врски на атомот на азот можат да бидат со [[водород]]ни атоми, [[алкил]] или [[арил]] групи. Другите два [[Валентен електрон|валентни електрона]] од азотот се слободен електронски пар и кај амидите тие не учествуваат во образување на хемиски врски. Амидите се класифицираат врз основа на бројот на јаглеродните групи поврзани со атомот на азот:
 
<center>[[Слика:Amidi.PNG|Класификација на амидите.]]</center>
 
== Структура на амидите ==
 
Структурите на амидите се слични на оние на другите карбонилни соединенија: три атоми поврзани со јаглерод се наоѓаат во истата рамнина. Атомот на азот на еден амид има слободен пар на [[електрон]]и што се [[Делокализација|делокализирани]] со &pi;-електроните од карбонилната група. Така, еден амид, како [[формамид]], има две [[Резонантна структура|резонантни структури]]:
 
<center>[[Слика:Rezoamid.PNG|Амидни резонантни структури.]]</center>
 
Затоа врската меѓу јаглеродот и азотот е меѓу единечна и двојна врска. Делумниот карактер на двојна врска на врската C-N на амидите ја ограничува ротацијата околу врската C-N.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Амид