Јарец (хороскопски знак): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
D'ohBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: ar:جدى "ابراج ونجوم"
с Бот Менува: ar:برج الجدى; козметички промени
Ред 1:
[[СликаПодатотека:Capricorn2.jpg|200px|right|thumb|Јарец]]
'''Хороскопскиот знак Јарец''' ([[Латински јазик|латински]]: '''Capricornus''', [[Грчки јазик|грчки]]: '''Κριός''') го носат оние кои што се родени помеѓу [[22 декември]] и [[19 јануари]]. Со овој знак владее планетата [[Сатурн (астрологија)|Сатурн]]. Симболот [[СликаПодатотека:Capricorn_symbol.png|20px|Знакот на јарецот]] го претставува извитканиот рог на јарецот.
 
== На пат низ зодијакот ==
На десетиот степен, човекот бара да ја усоврши и да ја одржи рамката на општеството и станува свесен за неговите одговорности. Се труди да заведе ред во околината и да се придржува кон законот. Комбинацијата на негативна [[кардинални знаци|кардинална]] [[земјени знаци|земја]], на Јарецот му дава енергија да ги организира работите на материјалниот свет, но со умерен приод, додека владетелот [[Сатурн (астрологија)|Сатурн]] му дава вродено чувство за дисцилпина.
 
== Мотивација ==
Јарецот тежнее кон висини, но се качува чекор по чекор. Неговата моќ да планира однапред и да ги зема предвид непредвидливите ситуации, му овозможува да ги надмине останатите луѓе. Јарецот секогаш внимава на своето достоинство и мисли на својата позиција во животот и општеството. Чувството за хиерархија е силно кај него, и ја почитува традицијата. За правдата се залага за принципот: „Око за око, заб за заб.“
 
== Во работа и интереси ==
Јарците се практични, вредни и совесни. Немаат аверзија кон рутински обврски, затоа што според нив „ако нешто треба да се направи, тогаш треба да се направи“. Обично се добри со финансиите и со вложувањата, па лесно се наоѓаат на менаџерски или на раководни позиции. Во слободно време, Јарецот не може да остане без хоби, а најчесто тоа е проучување на историјата, археологијата, или собирање на вредни стари предмети.
 
== Во односи ==
Не е лесно да се спријателите со Јарец, кој своите чувства ги крие зад студена ограда. Јарецот нема да ве прифати за пријател пред да ве изанализира. Во брак е одговорен и грижлив, и очекува од партнерот да ја цени неговата вредност. Жената Јарец лесно се откажува од кариерата, доколку се омажи во богато семејство.
 
== Домашен живот ==
Во домот на Јарците нема да бидете поканети случајно. Таму може да влезете само во специјална прилика, годишнина, роденден или некаква домашна прослава. Јарците се прекрасни домаќини, а дружењето тече како подмачкано. Јарците родители својата улога ја сфаќаат сериозно. Сè ќе направат за да ги заштитат своите деца и да им обезбедат добра иднина.
 
== Зборови кои ги опишуваат Јарците ==
Важи и за двата пола: вниамтелни, конструктивни, дисциплинирани, амбициозни, верни, практични, постојани, трезвени.
 
Понекогаш: каприциозни, пресметливи, строги, студени, мрачни, тажни, снобови.
 
== Користена литература ==
*Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
*Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
Ред 31:
[[Категорија:Хороскоп]]
 
[[ar:جدىبرج "ابراج ونجوم"الجدى]]
[[be-x-old:Казярог (знак задыяку)]]
[[bg:Козирог (зодия)]]