Еспецифисмо: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Bgljb (разговор | придонеси)
Креирана страница со: {{Шаблон:Анархизам}} '''Еспецифисмо''' е една од двете главни форми на анархистички актив...
(нема разлика)

Преработка од 22:42, 9 септември 2009

Еспецифисмо е една од двете главни форми на анархистички активизам спроведувана од Федерацијата на анархисти од Рио, другата е Социјално вметнување. Еспецифисмо се појави во втората половина од минатиот век, како резултат од анархистичките искуства во Јужна Америка, започнувајќи со Федерацијата на анархисти од Уругвај, која беше основана во 1956 од страна на анархисти кои сметаа дека има потреба од организација која ќе биде специфично анархистичка.

Еспецифисмо може да се сведе на следните точки:

  • Потреба од специфично анархистичка организација околу која ќе се гради единството на идеите и практиката.
  • Употреба на специфичната анархистичка организација за теоретизирање и развој на стратегиска, политичка и организациска работа.
  • Активно учество во градењето на автономни и популарни социјални движења преку Социјално вметнување.

Еспецифисмо поради својата сличност со Платформизмот, се смета за нова форма на Платформизмот.