Анархизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Bgljb (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Bgljb (разговор | придонеси)
Ред 9:
 
Модерниот анархизам, се раѓа од секуларната мисла на [[Просветителство|Просветителството]], особено од аргументите на [[Жан Жак Русо]] за моралната централност на [[Слобода|слободата]].<ref name=Encarta>"Anarchism", ''[[Encarta]] Online Encyclopedia'' 2006 (UK version).</ref> Иако до 19-от век зборот „''анархист''“ имаше комплетно позитивна конотација, сепак прво се појавува во англискиот јазик во [[1642]] за време на Ѓраѓанската војна во [[Англија]] како термин злоупотребен од страна на Ројалистите со цел да ги колнат оние кои правеле [[безредие]]. До [[Француската револуција]] некои, како Енраже, започнуваат да го користат терминот позитивно<ref>Sheehan, Sean. ''Anarchism'', London: Reaktion Books Ltd., 2004. p. 85.</ref>, во споротивност на Јакобинската централизација на моќта, сметајќи дека поимот „''револуционерната влада''“ е [[оксиморон]]. Од оваа клима [[Вилијам Годвин]] го разви, тоа што многумина го сметаат за првиот израз на модерната анархистичка мисла. Годвин беше, според [[Петар Кропоткин]], „''првиот кој ги формулираше политичките и економските концепции на анархизмот, и покрај тоа што не им го даде тоа име на идеите кои ги развиваше во својата работа''“.
Првиот што се нарече себеси анархист е [[Пјер Жозеф Прудон]]<ref>Daniel Guerin, ''Anarchism: From Theory to Practice'' (New York: Monthly Review Press, 1970).</ref>, со што наведе некои да го наречат основач на модерната анархистичка теорија<ref>Daniel Guerin, ''Anarchism: From Theory to Practice'' (New York: Monthly Review Press, 1970)</ref>. Прудон предлагаше спонтан ред, каде што организацијата ќе се појави без централен авторитет, „''позитивна анархија''“ каде редот се јавува кога „''секој го прави тоа што тој сака и само тоа што тој сака''“ и каде „''самите бизнис трансакции го произведуваат општествениот ред''“. Како Годвин, така и Прудон се спротивставуваше на насилна револуционерна акција. Тој ја гледаше анархијата како „''форма на власт или устав во кои јавните и приватните свесности, формирани преку развојот на науката и законот, се доволни за одржување на редот и гарантирање на сите слободи. Во тоа, како последица, институциите на полицијата, превентивните и репресивните методи, официјалноста, даноците, итн. се сведени на минимум. Во тоа, особено формите на монархија и интензивна централизација исчезнуваат, за да бидат заменети со федерални институции и шеми на живот базирани на комуната''“. Под „''комуна''“, Прудон подразбираше локално самоуправување или според буквалниот превод, „''општина''“, наместо комунистичко удредување.
 
== Анархистички школи ==