Анархистички комунизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Bgljb (разговор | придонеси)
с внатрешни врски
Bgljb (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
Анархистичкиот комунизам е исто така познат и како анархокомунизам, комунистички анархизам или понекогаш слободарски комунизам. Сепак, додека сите анархокомунисти се слободарски комунисти, некои од слободарските комунисти, како на пример [[Советнички комунизам|советничките комунисти]], не се анархисти. Тоа што го разликува анархистичкиот комунизам од варијантите на слободарскиот комунизам е во спротивставувањето на сите форми на политичка моќ, хиерархија или доминација.
 
Анархистичкиот комунизам го потенцира [[Егалитаризам|егалитаризмот]], напуштањето на [[ОпштествениОпштествена хиерархиихиерархија|општествените хиерархии]] и класните разлики што потекнуваат од нееднаквоста на распределбата на богатството, како и напуштање на [[Капитализам|капитализмот]] и парите, колективно производство и распределување на богатството со средствата на доброволните асоцијации. Во анархистичкиот комунизам, [[Држава|државата]] и сопственоста не постојат. Секоја индивидуа или група е слободна да допринесе кон производството и да си ги задоволи потребите базирани на нивниот избор. Системите на производство и распределување се управуваат од оние кои земаат учество во истите.
 
Напуштањето на платениот труд е централна тема во анархистичкиот комунизам. Со распределување на богатството според сопствените потреби, луѓето ќе бидат слободни да воспостават било какви активности во кои наоѓаат исполнување и нема повеќе да работат нешто што не сакаат и немаат темперамент кон тоа. Анархистичките комунисти сметаат дека не постои валиден начин за мерење на вредноста на нечии економски придонеси, бидејќи сето богатство е колективен производ на сегашните и претходните генерации. Анархистичките комунисти сметаат дека било кој економски систем базиран на платен труд и приватна сопственост ќе има потреба од насилен државен апарат кој ќе ги засили правата на сопственост и ќе ги одржи нееднаквите економски врски кои неизбежно ќе се покренат.