Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Без свои истражувања“

→‎Веродостојни извори: +додаток за неверодостојни извори; + кратенка
(→‎Веродостојни извори: +додаток за неверодостојни извори; + кратенка)
===Веродостојни извори===
{{dablink|[[Википедија:Веродостојни извори]] пренасочува овде.}}
{{кратенки|ВП:ВИ|ВП:ВЕР}}
{{цитатник|'''Информациите во статиите на Википедија треба да бидат основани на веродостојни, издадени, неутрални извори со репутација за проверка на фактите и прецизност'''}}Секој материјал кој е оспорен или за кој постои веројатност да биде оспорен мора да биде поддржан од сигурен извор. Материјал за кој не може да се најде веродостоен извор се смета за оригинално истражување. Единствениот начин на кој може да се покаже дека Вашите уредувања не доаѓаат под оваа категорија е да се произведе веродостоен објавен извор кој го содржи истиот материјал. Дури и со добро покриен материјал со извори, сепак, ако се користи надвор од контекст или за да се напредне позиција која не е директно и експлицитно поддржана од изворот кој се користи, Вие како уредувач се ангажирате во оригинално истражување; видете подолу.
 
*Учебници на универзитетско ниво;
По правило: ''колку повеќе луѓе'' се ангажирани во проверка на фактите, анализа на правни прашања, како и преглед на пишувањето — ''толку подоверливо е изданието''. Материјал објавен од себе, дали на хартија или на интернет, обично не се смета за доверлив.
 
Од друга страна, извори БЕЗ контрола од уредници се општо неверодостојни. Овде се вклучуваат (но не се ограничени само на): блогови, мрежни форуми, обожавателски мрежни места, книги издадени од непроверени издаваштва и други слични извори. Општо, ако секој може да објави информација без никој друг да ја проверува и рецензира таа информација, тогаш тој извор е најверојатно неверодостоен.
 
Ако сте во можност да откриете нешто ново, Википедија не е место за премиера на такво откритие. Откако Вашето откритие е презентирано во сигурен извор, тогаш може да се цитира како извор.