Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 93:
Иако Република Македонија се здобила со независност во [[1991]] година, археолошките докази покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000 п.н.е. и 3500 п.н.е.{{факт}} [[Антички Македонци|Античките Македонци]] веројатно биле првите што развиле државна организација на овие простори{{факт}}. Првпат [[Македонско Царство|Македонското Царство]] се јавува во периодот на [[IX век п.н.е.]] и за први македонски цареви се сметаат [[Каран]] и [[Пердика I]].
 
[[Податотека:Bitola 2007.JPG|thumb|300px250px|rightleft|Историското средиште на градот [[Битола]].]]
[[Податотека:Ancientbitola.jpg|thumb|rightleft|300px250px|Античкиот град [[Хераклеа]], основан од [[Филип II Македонски]] ]]
[[Податотека:Robevihouse.JPG|300px|thumb|right|Архитектурата во градот [[Охрид]].]]
 
Приближно од [[V век п.н.е.]] Македонија станува значаен политичко - економски чинител во поширокиот регион, а нејзината главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со [[Грција|Грчките]] [[градови-држави]], при што често била сојузник со други држави (како на пр. [[Персија]]) против Грците, или пак заземала страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. [[Филип II Македонски]] ([[359 п.н.е.|359]]-[[336 п.н.е.]]), по покорувањето на [[Илири|Илирите]] и [[Тракијци]]те, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, [[Александар Македонски]] ([[356 п.н.е.|356]]-[[323 п.н.е.]]) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Царство, а подоцна во походот против [[Персија]], ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу [[Европа]], [[Египет]] и [[Индија]].
 
[[Податотека:Robevihouse.JPG|300px250px|thumb|right|Архитектурата во градот [[Охрид]].]]
По неговата смрт, оваа огромна империја се распаднала на три дела, поради несогласувањато на неговите генерали околу тоа кој ќе му биде наследник. Освојувањата на Александар Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на [[Хеленистички период|Хеленистичкиот период]] во светската историја.
Ред 105 ⟶ 106:
=== Од појавата на Словените до создавањето на македонската нација во XIX век ===
Во [[6 век|VI]] и [[VII век]] на [[Балкански Полуостров|Балканот]] и во Македонија се доселуваат [[Словени|Словените]], достигнувајќи јужно до [[Тесалија]], па дури и до [[Пелопонез]]. Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера [[Антички Македонци]], потоа [[Грци]], [[Илири]] и [[Траки]]. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, [[Македонски Словени|Македонските Словени]] биле организирани во полудржавни формации - [[македонските Склавинии]]. Склавиниите преземале повеќе напади против [[Византија]] и утврдените византиски градови.
 
{{Историја на Македонија}}
 
Во [[837]] година Македонија почнува да потпаѓа под власта на [[Бугарија|бугарската]] држава, при што до средината на [[9 век]] поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на [[Солун|солуњаните]] [[Кирил и Методиј]], која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на [[глаголица|словенската писменост]], која започнува со создавањето на словенската азбука - [[Глаголица|глаголицата]], во [[855]] година. Нивните ученици, [[Климент Охридски|Климент]] и [[Свети Наум Охридски|Наум]], ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]] и [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]], со што [[Охрид]] набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост. Во [[10 век]] Македонија ќе ја зафати [[Богомили|богомилското]] движење и учење, за првпат создадена во [[Велес|велешко]]-[[Прилеп|прилепската]] област, како одглас на потчинувачкиот [[Феудализам|феудален]] црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела [[Европа]].
 
Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во [[969]] година против бугарската и во [[976]] година против византиската власт била создадена македонската средновековна [[Феудализам|феудална]] држава,позната уште и како [[Самуиловото царство]]). Македонската средновековна феудална држава постоела се до [[1018]] година, кога била покорена од византиските војски. Во [[13 век|13]] и [[14 век]] [[Византија|византиската]] власт врз Македонија била прекинувана со периоди на [[Србија|српско]] и [[Бугарија|бугарско]] владеење.
 
{{Историја на Македонија}}
До крајот на [[14 век]] Македонија целосно била покорена од [[Отоманска Империја|Османлиите]], со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во [[1767]] [[Султан|султанот]] ја укинал [[Охридска Архиепископија|Охридската Архиепископија]]. (''Видете: [[Македонска Православна Црква]]'')