Камбриум: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова
(нема разлика)

Преработка од 01:17, 2 септември 2009

Камбриумот е најраниот период од Палеозојската ера (Палеозоик) кој го опфаќа времето од пред околу 544 и 505 милиони години. Тој е именуван по Камбрија, римското име за Велс (во денешна Велика Британија), каде за прв пат се испитувани карпите од овој период.

Во геолошката временска скала, Камбриумот е сместен помеѓу Предкамбриумот и Ордовикот. Тој обележува една важна етапа во историјата на животот на Земјата. Тоа е затоа што тогаш се појавиле поглавните групи на животни. Овој настан понекогаш се нарекува и камбриска експлозија, како резултат на релативно краткото време во кое се појавил тој диверзитет од форми. Порано се мислело дека токму камбриските карпи ги содржат првите и најстарите фосилни животни, но тие денес се пронајдени во Вендискиот слој од Прекамбриумот.

Фосили кои се среќаваат во Камбриумот се:

  • фосили од едиакарската фауна
  • првите посложени фосили-траги
  • првите фосили од черупкеста фауна
  • фосили на типичната камбриска макрофауна.

Предлошка:Геол-никулец