Хомологија (биологија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Ситно
Ред 1:
[[Image:Handskelett MK1888.png|right|thumb|350px|Предните [[екстремитет]]и кај [[цицачи]]те се пример за хомологија.]]
'''Хомологиите''' се [[Анатомија|анатомски]] или [[ген]]ски карактеристики на различни организми кои имаат сличен изглед или функција бидејќи се наследени од заеднички предок кој исто така ги поседувал. На пример, предните екстремитети на [[волк]]от, крилата на [[Птици|птицата]] и човечката рака ги имаат истите функционални типови на [[Коска|коски]], исто како што ги имал и нашиот заедничкизаедничкиот [[Влечуги|рептилски]] предок на овие три групи животни. Значи, овие коски се хомологни структури. Колку повеќе хомологии поседуваат два организми, толку е поверојатно дека тие имаат блиско [[Генетика|генетско]] сродство.
 
Меѓутоа, може да постојат и нехомологни структурни сличности помеѓу видовите. При вакви случаи, заедничкиот предок не ги имал истите анатомски структури како своите наследници. Сличностите кои се јавуваат кај наследниците се резултат од независен развиток во новите сепаративни [[Еволуција|еволутивни]] линии. Такви збунувачки сличности се нарекуваат [[Хомоплазија|хомоплазии]]. Хомопластичните структури може да се должат на [[Паралелна еволуција|паралелизам]], [[Конвергентна еволуција|конвергенција]], [[Аналогија (биологија)|аналогија]] или од спонтаност.