Многуноги: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
[[Image:Narceus americanus.jpg|десно|thumb|200п|Северноамериканска диплопода - глава со очи.]]
[[Image:Lithobius forficatus.jpg|200px|thumb|right|Хилопода ''[[Lithobius forficatus]]''.]]
Повеќето биолози и палеонтолози сметаат дека постојат доволно [[Морфологија (биологија)|морфолошки]], [[Ембриологија|ембриолошки]] и [[фосил]]ни докази за тврдењето дека основниот структурен план на главата на [[инсект]]ите се развил (еволуирал) многу рано во еволутивната линија на многуногите. Бидејќи главата добила поважно значење за опстанокот на организмот, таа ги зголемила своите пропорции и значајност по пат на спојување со соседните трупни сегменти кои претходно биле адаптирани за движење. Во овој процес на [[цефализација]], екстремитетите еволуирале во усни делови кои станале адаптирани за фаќање, обработување или манипулирање со храната. За овие усни делови се вели дека се сегментно [[ХомологниХомологија структури(биологија)|хомологни]] со екстремитетите за движење. Навистина, доколку е така, ние би очекувале да најдеме ,,примитвни‘‘ организми кои имаат само [[Мандибула|мандибули]] (моногнатни), или ,,помалку примитивни‘‘ организми кои имаат мандибули и [[Магзила|магзили]] (дигнатни), како и ,,напредни‘‘ организми со мандибули, прв пар на магзили и втор пар на магзили (тригнатни). Всушност, моногнатни форми никогаш не се пронајдени (живи или фосилизирани), но дигнатни форми се ''Pauropoda'' и ''Diplopoda'', додека тригнатни усни делови можат да се најдат кај стоногалките, симфиланите и сите [[шестоноги]] (инсектите и нивните блиски сродници).
 
Симфиланите и шестоногите (но не и стоногалките) подлегле на анатомска фузија на вториот пар магзили. Оваа медијална фузија на телесните додатоци од левата и десната страна довела до појава на усниот дел наречен [[лабиум]]. Многу е предизвикувачки да се интерпретира оваа структурна сличност како доказ за блискиот еволутивен афинитет помеѓу ''Symphyla'' и ''Insecta''. Всушност, ова било основа за ,,симфиланската теорија‘‘ за [[еволуција]]та на инсектите која била предложена од страна на Калман и Имс во [[1936]]. И покрај интуитивниот изглед, оваа теорија не е широко прифатена денес поради други, поекстензивни разлики во структурата на екстремитетите и абдоменот помеѓу овие две групи.