Разлика помеѓу преработките на „Химна на Русија“

с
Бот Менува: pt:Hino da Federação Russa; козметички промени
с (Бот менува: така да -> така што)
с (Бот Менува: pt:Hino da Federação Russa; козметички промени)
Химната е ставена во употреба од доцната [[2000]] од [[претседател]]от [[Владимир Путин]] и ја заменила „Патриотската песна“, којашто била официјалната химна од [[1990]]. Пред и по донесувањето на новата химна, [[Либерализам|либерални]] групи развиле грижи дека враќањето на советската химна ја враќа Русија во советската ера.

== Историски химни ==

Пред „Молитва на Русите“ (рус. ''Молитва русских'') да биде избрана за национална химна на [[Царска Русија]], разни црковни химни и воени маршеви биле користени за претставување на земјата и на [[цар]]от. „Молитва на Русите“ била донесена околу [[1815]] и била напишана од Василиј Жуковски за да може да се пее на музиката од британската химна, „[[Боже чувај ја кралицата|Боже чувај го кралот]]“ ([[англиски]]: God Save the King).
По заминувањето на царот и неговото семејство во март [[1917]], „Работничката Марселеза“, изменета верзија од француската химна „[[Марселеза]]“ ([[француски]]: ''La Marseillaise'') од Петар Лавров, била користена како неофицијална химна од привремената влада. Напишана во [[1875]], кратко време била користена како химна. По симнувањето на привремената влада од [[Болшевици|Болшевиците]] во [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] во [[1917]], химната на меѓународниот револуционерен социјализам, [[Интернационала]]та (Л’интернасионал, [[француски]]: L'Internationale), станала новата химна. Од француски на руски ја превел Аркадиј Јаковлевич Коц во [[1902]] и била користена како химна на Болшевичка Русија од [[1918]], а подоцна и на новиот [[СССР|Сојуз на Советските Социјалистички Републики]] од [[1922]] до [[1944]].

== Музика ==

Музиката на националната химна, напишана од [[Александар Александров]], била користена во неколку химни и композиции пред да стане руска химна. Првиот пат музиката е користена во химната на [[Болшевици|Болшевичката партија]], создадена во [[1938]]. Кога [[Коминтерна]]та се распаѓала во [[1943]], се чувствувало дека [[Интернационала]]та, којашто била историски интимно поврзана со Коминтерната, морало да стане национална химна на [[СССР|Советскиот Сојуз]]. Музиката на Александров била избрана за таа цел во [[1944]] од советскиот лидер [[Јосиф Сталин]].
Во една дебата во [[2000]] година, се дискутирало дека музиката што Александров ја создал за советската химна била слична со песната Билина од Василиј Калиников. Подржувачите на советската химна го користеле овој факт во разни дебати што се воделе во [[Дума]]та околу промената на химната. Нема докази дека Александров намерно позајмил или користел делови од Билина во неговата композиција.

== Текст ==
{| cellpadding=10
| width=25% |
Руски

Россия — священная наша держава,

Россия — любимая наша страна.

Могучая воля, великая слава —

Твоё достоянье на все времена!

Припев:

Славься, Отечество наше свободное,

Братских народов союз вековой,

Предками данная мудрость народная!

Славься, страна! Мы гордимся тобой!

От южных морей до полярного края

Раскинулись наши леса и поля.

Одна ты на свете! Одна ты такая —

Хранимая Богом родная земля!

Припев

Широкий простор для мечты и для жизни

Грядущие нам открывают года.

Нам силу даёт наша верность Отчизне.

Так было, так есть и так будет всегда!

Припев
| width=25% |
Македонски

Русија - света наша држава,

Русија - љубена наша земја.

Моќна волја, голема слава -

Твоја гордост на сите времиња!

Рефрен:

Биди славна, татковино наша слободна,

Вековен сојуз на братски народи,

Мудрост на претците дадена на народот!

Биди славна, земјо! Се гордееме со тебе!

Од јужните мориња до поларниот крај

Распространети се нашите шуми и полиња.

Една си во светот! Една си таква -

Заштитена од Бог родна земја!

Рефрен

Широк простор за мечти и за живот

Ни дава нам за идни години.

Нам сила ни дава нашата верност во татковината.

Така било, така е и така што биде секогаш!

Рефрен
[[no:Hymne til den russiske føderasjonen]]
[[pl:Hymn Państwowy Federacji Rosyjskiej]]
[[pt:Hino nacional da RússiaFederação Russa]]
[[ro:Imnul Naţional al Rusiei]]
[[ru:Гимн России]]