Хари Потер и Каменот на мудроста: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
== Синопсис ==
=== Заплет ===
Токму пред почетокот на романот, [[Лорд Волдеморт|Волдеморт]], најмоќниот злобен волшебник што некогаш постоел, ги убил родителите на Хари, но мистериозно исчезнал откако се обидел да го убие и Хари. Додека [[волшебничкиот свет]] го слави пропаѓањето на Волдеморт, професорот [[Дамблдор]], професорката [[Мек Гонагал]] и [[Рубеус Хагрид|Хагрид]] го оставаат едно годишното сираче на грижа на неговите [[Нормален|нормалнинормалци]] (неволшебници) тетка и тетин, [[Семејство Дарсли|Вернон и Петунија Дарсли]].
 
За десет години, тие и нивниот син Дадли го третираат Хари како отпад и грешник. Бргу пред единаесетиот роденден на Хари, низа писма пристигнуваат, адресирани до Хари, но уништени од неговиот вујко пред Хари да може да ги прочита. Како резултат, поток од писма се налеваат во куќата низ секој слободен отвор, и за го избегне ова, Вернон Дарсли го носи семејството на осамен остров. Како што се сместуваат, Хагрид влетува низ вратата за да му каже на Хари што криеле Дарслиевви од него: Хари е волшебник и е примен во [[Хогвортс училиштето за магии и волшебништво]] за следната година.