World of Warcraft: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Delix (разговор | придонеси)
Delix (разговор | придонеси)
Допуна
Ред 33:
 
*Дренаи (Draenei) Дренаите се последните остатоци од расата Ередар, кои побегнале од нивната родна планета Аргус за да ја избегнат корупцијата на Темниот Титан Саргерас. Прогонетите Ередари патувале низ космосот на Димензионалниот брод на Наару, Ошу`гун (Oshu'gun), и слетале на оддалечен свет кој го нарекле Дренор (Draenor) или „Закрила на прогонетите“ (Exile's Refuge) (кој е домашната планета на Орките). Огнената Легија ги следила Дренаите на Дренор, ги наговорила Орките против Дренаите што резултирало со уништување на голем дел од расата на Дренаите. По големата катаклизма и уништувањето на Дренор, Дренаите користејќи вселенско пловило со Наару дизајн ја напуштат и оваа планета и пристигаат на Азерот, уривајќи се на запад од брегот на Даркшор. Се приклучиле на Алијансата главно поради почитувањето на Алијансата кон Светата Светлина (Holy Light). Дренаите имаат кожа која варира од вилетова до светло сина. Имаат козјолики копита, и опаши слични на гуштер. Машките Дренаи често имаат пипаловидни додатоци кои започнуваат од под брадата и комплексни структури на нивното чело, додека жените имаат две рогчиња кои и растат од слепоочницата кон назад и потенки додатоци кои висат од задниот дел на вилицата. Дренаите беа претставени во World of Warcraft и со нив може да се игра во првото продолжение The Burning Crusade. всушност дренаитее за прв пат како не-игрива раса се појавуват во "Warcraft 3: The Frozen Throne". Овде дренаите имаат различен физички изглед што подоцна беше објаснето дека ие се всушност мутација на „оригиналот“ поради изложеност на Демонска енергија.
 
*Ноќни елви (Night Elves) (или "Kal'dorei" што значи „Деца на Ѕвездите“ во нивниот јазик) се една од најстарите хуманоидни раси кои потекнуваат од Азерот. Пред илјадници години настанло раздор помеѓу владеачката Висока класа на Елфски магионичари и останатиот дел од популацијата. Со интервенција Ноќните Елви успеваат да ги оневозможат Елвите од високата класа да ја донесат Огнената Легија на Азерот, во одбраната планетата делумно е уништена. Во катаклизмата бил уништен Бунарот на Вечноста (Well of Eternity) огромно езеро создадено од чиста магија од кое Ночните Елви ја црпеле својата моќ но и останатиот дел од континентот, по експлозијата настанале трите континенти Калимдор, Источните кралства и Нортренд. Откако незадоволниот херој Илидан (Ilidan Stormrage) ќе створи ново езеро, користејќи вода од претходното езеро, ќе биде заробен а на местото на новото езеро ќе биде посадено Дрвото на Светот, Нордрасил. Поради блиската поврзаност на Елвите со дрвото тие ќе станат бесмртни. Во следните десет илјади години Ноќните Елви живееле во мир се до втората инвазија од страна на Огнената Легија. Расите на Азерот, и од Хордата и од Алијансата, последната битка со Легијата ја водеа на врвот на планината Хајџал, на крајот Ноќните Елви користејќи ја енергијата на Нордрасил го уништија демонот Архимонд стопирајќи ја инвазијата на Легијата. Од тогаш Ноќните Елви загубија голем дел од своите особини. Во потрага повторно по нив посадија ново Дрво на Живот, Телдрасил. Во градбата Ноќните Елви се високи, мажите во просек по 2 метри, цврсто градени, со широки рамена. Жените се тенки и заоблени, но исто така мускулни и силни. Имаат карактеристични веѓи, долги шпицести уши и природна сличност со мачјина форма и грациозност. Бојата на кожата им варира од виолетова или розенишкава до темно сина или бледо бело-сина, косата може да им биде од бела, светло зелена до темно сина и електрично портокалова. НОчните Елви првпат беа претставени во Warcraft 3 како една од расите со кои може да се игра и со нив може да се игра во World of Warcraft.
 
== Референци ==