Ѕвезден развој: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: така да -> така што
Ред 36:
Забрзаната фузија во слојот со водород веднаш над јадрото, предизвикува проширување на ѕвездата. Бидејќи ова ги турка надворешните слоеви подалеку од јадрото и го намалува гравитациското влијание врз нив, тие се шират побрзо отколку што се произведува [[енергија]], а тоа предизвикува ладење со што ѕвездата станува поцрвена отколку во главната фаза. Ваквите ѕвезди се познати како [[црвен џин|црвени џинови]].
 
Според [[Херцшпрунг-Раселов дијаграм|Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм]] (Hertzsprung-Russell diagram), '''[[црвен џин]]''' е голема ѕвезда која не е во главната фаза, со [[ѕвездена класификација]] K или M. Примери за вакви ѕвезди се [[Алдебаран]] од соѕвездието [[Бик (соѕвездие)|Бик]] и [[Арктурус]] од соѕвездието [[БоотесМечкар (соѕвездие)|БоотесМечкар]].
 
[[Ѕвезда]] со големина до неколку соларни маси ќе создаде [[хелиум]]ско јадро, кое е поддржано од притисокот на електронската дегенерација, опколено со слоеви кои сè уште содржат водород. Неговата гравитација го згуснува водородот во слој веднаш над него, што предизвикува побрза фузија отколку што водородот би ја вршел во главната фаза на ѕвезда со иста маса. Ова пак предизвикува ѕвездата да стане посветла (од 1.000 – 10.000 пати посјајна) и да се шири, а степенот на ширење го надминува зголемувањето на светлината, со што се постигнува намалување на ефективната температура.