Жаби (комедија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: кој што -> којшто
Ред 2:
 
==Содржина==
Според толкувањето на [[Радмила Шалабалиќ]] идејата која е содржана во комедијата се однесува на напорите на поетот да им укаже на жителите на [[Атина]] на можниот излез, некаков спас од потполната пропаст во војната со [[Спарта]]. [[АритсофанАристофан]] ја излага идејата дека за атињаните спасот веќе не е ни во мирот, ни во војната, туку во враќање на идеалите на минатото, идеалите од времето на победата во [[Маратон]] и [[Саламина]] кои во [[литература]]та се симболизирани од јунаците на [[Есхил]]. Спасот е во она што е пропуштено: доколку се држеле до принципите на умереност и правичност не би ни дошло до атинскиот империјализам и бескрајното војување.
 
Во другото значење [[комедија]]та на Аристофан претставува прва детална и образложена книжевна критика во современо значење. Неговите проценки за целите на [[поезија]]та, препораките и критиките имаат вредност на сериозна теорија. Таа е прв придонес кон книжевната естетика во светската книжевност (Дројзен).