Швајцарска гарда: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: bs:Švicarska garda
с Бот менува: кој што -> којшто
Ред 18:
Од 16 век, швајцарските гардисти биле во бригади со француските гардисти (''Gardes françaises''), со коишто ја извршувале надворешната должност, а во време на мир биле распоредени во касарни во околината на [[Париз]]. Слично како и единаесетте швајцарски пешадијци од пешадиската линија на француската служба, швајцарските гардисти носеле црвени наметки. Линиските пешадијци имале црни, жолти или светло сини подлоги, но швајцарските гардисти се разликувале по темносино сошиените јаки и ракави. Само пешадијата во придружба на кралот носела мечкино крзно. Пешадијците во останатата придружба биле облечени во стандардната облека на француската пешадија. Гардистите биле регрутирани од сите швајцарски кантони. Бројот на припадници бил 1.600, но во нормални услови се чини дека нивниот број бил под оваа бројка.
[[Податотека:The gallant Swiss.jpg|thumb|225px|Погубување на швајцарски гардист за време на [[Француска револуција|Француската револуција]]]]
Најславно дело во историјата на швајцарските гардисти била нивната одбрана на дворецот [[Туилир (дворец)|Туилир]] во централниот дел на Париз за време на [[Француската револуција]]. Од 900 швајцарски гардисти коишто го заштитувале дворецот на [[Востанието на 10 август|10 август 1792]] година, повеќе од 600 биле убиени за време на борбата или биле масакрирани по капитулацијата. Се проценува дека имало 200 мртви повеќе, кои умреле во затвор, подлегнувајќи им на раните или биле убиени во [[септемвриски масакри|септемвриските масакри]] коишто следувале. Околу 100 Швајцарци успеале да побегнат, а некои биле скриени од љубезните Парижани. Единствените преживеани од полкот биле 300 силни пешадијци кои биле испратени на [[Нормандија]] да го придружуваат конвојот кој штокојшто пристигнал неколку дена пред [[10 август]]. Швајцарските офицери биле најбројни меѓу погубените, иако мајорот [[Карл Јозеф фон Бахман]] во командата кај Туилир бил погубен на гилотина во месец септември, облечен во својата црвена наметка. Двајца швајцарски офицери некако успеале да преживеат и добиле сениорски воен ранг во службата кај [[Наполеон Бонапарт|Наполеон]].
 
Се појавува како неточно обвинението дека [[Луј XVI]] е прчина за пропастот на гардистите со наредбата да го положат оружјето кога тие сѐ уште го бранеле дворецот Туилир. Поточно кажано, Швајцарците останале без муниција и биле уништени од побројниот противник, кога борбата продолжила спонтано, по изнесувањето на кралското семејство од дворецот и барало засолниште со [[народно собрание|народното собрание]]. Сочуван е запис напишан од кралот со кој им се наредува на Швајцарците да се повлечат од дворецот и да се вратат во касарните, но ова се случило, откако позициите кои ги заземале станале неодржливи. Загинатите пешадијци биле тајно закопани од еден аѓутант, кратко по повикот на пешадијците во одбраната на Туилир, ноќта на 9 август. Но, тие биле откриени од градинар и церемонијално запалени од новите републикански авторитети.
Ред 45:
=== Историја ===
 
Почетоците на швајцарската гарда датираат од [[15 век]]. Папата [[Папа Сикст IV|Сикст IV]] (1471-1484) веќе склучил сојузништво со Швајцарија и изградил касарни во Виа Пелегрино по разгледувањето на можноста за регрутирање на швајцарски пешадијци. Спогодбата била обновена од страна на папата [[Папа Инокентие VIII|Инокентие VIII]] (1484-1492) со цел да се искористат против војводството Милано. Папата [[Папа Александар VI|Александар VI]] (1492-1503), подоцна ги користел швајцарските гардисти за време на сојузништвото со францускиот крал. Во време на папството на семејството [[Борџија]], започнале [[Италијански војни|италијанските војни]] во кои швајцарските пешадијци биле постројка во првите воени редови, понекогаш за Франција, а понекогаш и за [[Света римска империја|Светата римска империја]]. Пешадијците се вооружиле кога дознале дека францускиот крал [[Шарл VIII Француски|Шарл VIII]] е подготвен и организира поход против Неапол. Меѓу учесниците во војната против Неапол биле кардиналот [[Џулијано дела Ровере]] (идниот папа [[Папа Јулие II|Јулие II]]) (1503-1513), кој бил добро запознат со Швајцарците, бидејќи бил [[епископ на Лозана]] неколку години пред тоа. Походот бил неуспешен, делумнио поради новото сојузништво склучено меѓу папата [[Папа Александар VI|Александар VI]] и Французите. Кога кардиналот Џулијано дела Ровере станал папа во 1505 година, побарал од швајцарското извршно тело да го заштитува постојан корпус од 200 швајцарски пешадијци. Во септември 1505 година, првиот контингент од 150 војници го започнал маршот до Рим, под командата на [[Каспар фон Зиленен]] и влегле во градот на [[22 јануари]] [[1506]] година. Овој датум денес се смета за датум на кој е основана папската швајцарска гарда. „Швајцарците ја гледаат тажната ситуација на црквата, Бог, мајката на христијанството и си замислуваат колку е тешко и страшно тоа што некој тиран, алчен за богатство може без казна да ја нападне заедничката мајка на христијанството“, тврди [[Улрих Цвингли]], швајцарски католик кој штокојшто станал [[Протестанти|протестантски]] [[Реформација|реформатор]]. Папата Јулие II, подоцна ги одликувал со титулата „заштитници на слободата на црквата“<ref>[http://www.vatican.va/roman_curia/swiss_guard/swissguard/storia_en.htm Историја на папската швајцарска гарда] Официјална интернет страница, Римска курија, швајцарски гардисти, објавено на 7 август 2006</ref>.
 
По бројот на припадници, гардата била сѐ побројна како што изминувале годините, па била дури и распуштена. Тоа се случило на [[6 мај]] [[1527]] година, кога 147 од 189 гардисти, вклучувајќи го и нивниот командант commander, загинале борејќи се против непокорните трупи на императорот на светата римска империја [[Карло V Хабзбуршки|Карло V]] за време на [[Ограбување на Рим|ограбувањето на Рим]] со цел да му се овозможи на папата [[Папа Климент VII|Климент VII]] да избега низ [[Пасето ди Борџо]], придружен од останатите 40 гардисти. Последното бојно поле се наоѓа на страната на [[Базилика Свети Петар|базиликата Свети Петар]], во близина на ''Campo Santo Teutonico'' (германски гробишта).
Ред 71:
Официјалните униформи се обоени во [[сина боја|сино]], [[црвена боја|црвено]], [[портокалова боја|портокалово]] и [[жолта боја|жолто]] со впечатлив [[Ренесанса|ренесансен]] изглед. И покрај тоа што обично заслугата му се припишува на [[Микеланџело]], командантот Жил Репонд (1910-1921) ги создал денешните униформи во 1914 година. Според портретот на папата [[Папа Јулие II|Јулие II]], кој бил насликан од страна на [[Рафаело Санти]], се смета дека и тој можеби со своите слики имал влијание врз денешните униформи. Денес, тие се со големи здолништа, кои биле типични за периодот на ренесансата. Многу јасна глетка од современите униформи може да се забележи на фреската на [[Јакоб Копи]] на византиската императорка [[Луцинија Евдоксија]], наспроти папата [[Папа Сикст III|Сикст III]]. Тоа е всушност, предвесник на денешните трибојни униформи со чизми, бели ракавици, со висока плисирана јака и црна беретка или црн [[морион (шлем)|морион]] (во сребрена боја во некои случаи). Водниците носат црна горна облека со пурпурни гамаши, додека останатите офицери се облечени во целосно пурпурна униформа.
[[Податотека:Gs1.jpg|thumb|142п|десно|Гардист на должност, облечен во синобојна униформа]]
Работната униформа е пофункционална, и е поедноставна, обоена во сино, за разлика од трибојната свечена униформа. Се носи со кафеав каиш, рамна бела јака и црна беретка. Новите регрутирани гардисти, и оние кои се на вежба може да носат целосно сина униформа со кафеав каиш. За време на студено и бурно време, гардистите облекуваат темносина наметка над регуларната униформа. Оригиналните бои (сина и жолта) биле воведени од страна на папата [[Папа Јулие II|Јулие II]], кој штокојшто ги зел традиционалните бои на неговото семејство дела Ровере. Папата [[Папа Лав X|Лав X]] ја додал црвената, која била одраз на неговото семејство [[Медичи]].
 
Над главата обично се носи црна беретка за обавување на секојдневните должности, додека црн или сребрен морион со црвен, бел, жолт или пурпурен пердув од ној се носи за време на одржување на церемонии, како што е давањето на заклетва или дипломатска посета на некој шеф на држава.
Ред 108:
*'''Хелебардир/Гардист''' (78)
Заповедничката структутра на швајцарската гарда ја сочинуваат командант, три офицери со заповедничка моќ и еден капелан, кој штокојшто по ранг е еднаков на полковник, но нема офицерски чин и е задолжен за грижа на членовите во гардата.
 
Гардистите се распоредени во три вода ([[германски]]: ''Geschwader'' - ескадрила). Во првиот главно се членови на гардата кои зборуваат германски, во вториот членови кои зборуваат француски, а во третиот членови кои се од различно говорно подрачје (главно членови на воениот оркестар).
Ред 118:
Знамето на папската швајцарска гарда често се менува поради промената на неговите составни делови: грбот, папата и командантот на гардата.
 
Изгледот на знамето на папската швајцарска гарда е пропишан со членот 3 од правилата на службата, во кој пишува дека знамето е поделено со бел крст на четири дела. На првиот (горното лево поле) се наоѓа грбот на моменталниот папа, а на спротивното поле (четврто или полето долу десно) се наоѓа грбот на папата [[Папа Јулие II|Јулие II]], основачот на гардата. И двете полиња се обоени во [[црвена боја|црвено]]. Второто (горното десно поле) и третото (долното лево поле) се обоени во [[сина боја|сини]], [[жолта боја|жолти]] и црвени хоризонтални линии, така што во второто поле првата и последната се обоени во сино, а средната во црвено (линиите меѓу се жолти), а во третото поле обратно, првата и последната се обоени во црвено, а средната во сино, при што остантите две линии се жолти. Во средината на знамето се наоѓа грбот на моменталниот командант. Неговиот грб е врз основа на традиционалните бои на швајцарскиот кантон од кој штокојшто доаѓа. Димензиите на знамето се 2,2 [[метар|m]] x 2,2 m. Знамето е изработено од [[дамаст]].
 
Боите на знамето потсетуваат на ''Ограбувањето на Рим'' (Sacco di Roma), кога членовите на швајцарската гарда го заштитиле папата [[Папа Климент VII|Климент VII]], член на семејството Медичи (роденото име му било Џулио Медичи), претрпувајќи големи загуби. При положување на заклетвата, новите членови на гардата го држат знамето во левата рака. За време на одржувањето на посебни церемонии, знамето е подигнато над ''Бронзената порта'' (''Portone di Bronzo'').
Ред 128:
Главната задача на членовите на папската швајцарска гарда е заштита на [[папа]]та во неговата престолнина. Другите задачи се слични, и најчесто содржат придружување на папата на неговите патувања, заштитување на влезот во [[Ватикан]], како и други свечени задачи, како што се почесна стража и слично.
 
За време на прием и миса, членовите на гардата го надгледуваат влезот. Тие овозможуваат влезот и излезот да бидат слободни и овозможуваат комуникација со медицинската служба, ако тоа е потребно. Уште од своето основање, швајцарската гарда била должна да ја извршува функцијата на почесна стража. На стража се наоѓа припадник на гардата кој штокојшто држи [[халебарда]]. Почесната гарда ја обавува својата должност во посебни пригоди, како и кога во посета на папата доаѓаат високи државни функционери, како шефови на држави, министри или други дипломати, но и некои други религиозни водачи.
 
Директната заштита на папата е исклучителна задача на папската швајцарска гарда. За тоа се задолжени постари припадници, кои за тоа се посебно подготвени. Најголем дел од секојдневната работа на гардата се однесува на обезбедување на влезот во Ватикан, до Апостолската палата, а пред сè дворовите на ''Сан Домасо'' и [[Белведер (Рим)|Белведер]], како и влезот на приватниот апартман на папата. Гардисти има и на влезовите на Ватикан - ''Арко деле Кампане'', ''Портоне ди Бронзо'' и ''Санта Ана'', пред кои се наоѓа по еден млад припадник на гардата. Внатрешното подрачје на Ватикан, кое е под надзор на швајцарската гарда не е отворено за јавноста. Во зависност од зоната, постојат места на кои немаат пристап ниту членови на [[Римска курија|римската курија]], освен оние кои имаат посебно овластување, па така гардистите мора да умеат да ги препознаат оние кои поседуваат овластувања и да гу пропуштат, односно да ги спречат оние кои сакаат да поминат, но немаат овластувања. Останатите делови на Ватикан кои не се под надзор на швајцарската гарда, ги чува ватиканската жандермерија.