941.847
уредувања
(+ слика) |
с (Бот менува: така да -> така што) |
||
Во повеќето ситуации неформалната природа на фолклорот не бара постоење на едно лице со специфична улога да изрази и пренесе одредена традиција. Кај адолесцентите, кога меѓу нив се раскажува некоја случка, не постои некаков „мајстор на раскажување“ кој ги подучува останатите на техниките на раскажување во текот на големиот одмор. Процесот се повторува во неформални контексти од страна на повеќе членови на групата, и тоа ја продолжува традицијата. Фолклорот се однесува на идентитетот на групите онака како што тој е дефиниран од групата, а не од поединецот внатре или вон неа; ние споделуваме традиции на многу начини, во многу различни контексти, преку целата мрежа на културата.
Особено значајна е виталноста на традицијата - традициите се однесувања кои ги практикуваме сега, а тие не поврзуваат со другите луѓе во групата, и можат исто така
==Дали традициите исчезнуваат?==
==Динамички и конзервативни елементи на традицијата==
За нешто да биде сметано за традиција, групата треба да е согласна дека тоа содржи карактеристики кои самата таа ги идентификува како суштински за дефинирање на традицијата. Истовремено, за да остане релевантна, традицијата мора постојано да се прилагодува, да се менува и развива заедно со развојот и промената на групата. Во неговата книга „Динамика на фолклорот“ Бар Толкин вели дека традицијата претставува рамнотежа на елементи кои се менуваат и елементи кои остануваат исти. Тој сугерира дека [[фолклор]]от поседува и „динамички“ (променливи) и „конзервативни“ (статични) карактеристики кои му овозможуваат да биде адаптибилен, но исто така
Поврзувањето на овие два дела - конзервативниот и динамичкиот, или „законот на близнаци на фолклорниот процес“ - објаснува како е можно истовремено зачувување на базичните идеи на фолклорот и постоење на варијации. Толкин сугерира дека за некои елементи на структурата или карактеристиките на текстот е помалку веројатно да се променат отколку други, и дека вербалниот фолклор останува најконзервативен по природа, бидејќи неговата структура и значење можат да зависи од римата и играта со зборови. Па дури и тогаш, ситуациите во кои овие видови изрази се споделуваат создаваат чувство на динамизам. Некои од можните варијации на фолклорниот текст се состојат во тоа како, кога и од кого тој се споделува: дури и кога текстот е конзистентен контекстот во кој тој се споделува може да не биде таков. Можете да им поставите загатка на група ваши пријатели, но од луѓето кои се присутни и од ситуацијата може да зависи како таа ќе биде примена и како на неа ќе биде одговорено.
|