Социјализација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: во предвид -> предвид, кое што -> коешто, кој што -> којшто, Image -> Податотека
Ред 1:
[[ImageПодатотека:US-hoosier-family.jpg|thumb|right|Семејство кое штокоешто се социјализира за време на фотографирање.]]
'''Социјализацијата''' претставува [[процес]] во рамките на кој индивидуите го учат начинот на [[живот]] во општеството или групата и така се оспособуваат за [[живот]] во неа. Тоа претставува [[процес]] на [[учење]] кој се остварува преку взаемна [[интеракција]] помеѓу членовите во едно [[општество]]. Преку социјализацијата од човекот, кој е роден како беспомошно и потполно зависно [[суштество]] од другите, се развива во општествено [[суштество]] со голем број на вариетети на [[вештини]] и [[знаења]], [[вредности]] и примероци на [[однесување]]. Социјализацијата претставува [[процес]] на [[учење]] во кој се усвојуваат нормите и правилата на својата [[култура]] со која стануваме способни за да дејствуваме во општеството. Доследно на тој поим значи да станеме општествени. Социјализацијата е општествена [[вредност]], во рамките на која нормите и обрасците на однесување се пренесуваат од една [[генерација]] на друга, кои се усвојуваат за да бидат составен дел од личноста.
 
Ред 25:
Социјализацијата започнува со раѓањето. Од моментот на [[раѓање]] добиваме нараквица со [[број]] за да не можат да не заменат со други, добиваме сина или розова [[облека]] за да не идентификуваат како [[машко]] или [[женско]]. Со самиот тој [[чин]] започнува [[процес]] на [[учење]] на нашите улоги во општеството, [[учење]] на општествените [[норми]]. На пример, воочливо е дека машките и женските деца различно се однесуваат. Кај машките се поттикнува агресивноста, затоа што таа се смета за природна. Природно е да им се купуваат играчки кои ја симболизираат агресивноста, на пример пиштоли, пушки, фигури на мали војници и така натаму. Од друга страна пак, кај женските деца е сосема поинаку, кај нив се поттикнува стереотипното однесување на мајки и жени, па им се купуваат кукли, мали кујни за играње и слично. Во сите тие улоги децата се чувствуваат убаво. На некои девојчиња им претставува задоволство да играат [[фудбал]], додека пак на некои момчиња интересно им е да играат со кукли. Меѓутоа општеството успева да ги наметне стандардните и стереотипни обрасци на [[однесување]]. Психолозите упатуваат на тоа дека во изградувањето на особините на личноста особено се важни искуствата од првата [[година]].
 
Истражувањата покажуваат дека социјализацијата е [[процес]] кој штокојшто се одвива во текот на целиот [[живот]], преку кој луѓето ги учат основните [[вештини]], [[норми]], [[правила]], статуси и [[вредности]] кои пак се неопходни за да можеме да функционираме како активни членови на општеството.
 
== Степени на социјализација ==
Ред 35:
Постојат четири основни фази во процесот на социјализацијата и тоа: [[детство]], [[адолесценција]], [[зрелост]] и [[возраст]] од 65години и над. За време на секоја од овие фази луѓето почнуваат да учат и да развиваат важни и корисни [[вештини]]; овие [[вештини]] продолжуваат да еволуираат пренесувајќи се и подготвувајќи не за наредната фаза од животот. Одредени групи на луѓе и институции ни помагаат и не водат низ сите четири фази од процесот на социјализација. Овие «агенти на социјализација» вклуќуваат [[семејство]], [[ушилиште]], [[соученици]], [[колеги]], медиуми, [[религија]] како и работното [[место]]. Без да ги искуси важните фази на социјализација и без [[интеракција]] со «агентите на социјализација», можноста за [[развој]] и развојот на еден [[човек]] се успоруваат или целосно се спречуваат.
 
Детството е најважната [[фаза]] од процесот на социјализација. Првото нешто низ кое штокоешто поминуваат луѓето се нарекува примарна социјализација, во која децата развиваат [[карактер]], моторни способности, [[способност]] за расудување, го учат јазикот и што е најважно развиваат способност за само-[[свест]]. Во подоцнежното [[детство]] тие се запознаваат со улогите, вредностите и нормите. Примарната социјализација е [[темел]] на социјализацијата. Ако не се научат и развијат овие [[вештини]] на почетокот од животот, тешко дека во подоцнежните фази [[човек]] може воопшто да ги стекне, при што нема да биде способен да стане активен член на општеството. За време на детството, семејството е најважниот «[[агент]] на социјализација». Семејството овозможува такво окружување кое штокоешто е клучно за когнитивен, емоционален и физички [[развој]]. Интеракцијата со семејството на детето му овозможува да го научи јазикот, да ги научи и усоврши основните моторни [[вештни]] (на пример врзување на патики), како и способноста да ги споделува емоциите и да има разбирање за истите. Откако детето ќе ги усоврши основните животни [[вештини]], родителите започнуваат да го учат што е правилно а што не, го учат на послушност, [[еднаквост]]; нашите родители не учат и ни ја даваат основата за да можеме да го живееме животот кој штокојшто не очекува во иднина. После ова станува јасно дека без фазата на [[развој]] во детството и придружната семејна околина, децата воопшто не би биле подготвени да преживеат сами, да комуницираат со други луѓе ниту пак да продолжат понатаму, на следната [[фаза]], адолесценцијата.
 
Адолесценцијата е следната [[фаза]] во процесот на социјализација; таа го продолжува развојот кој се случува во фазата на детството, но во исто време пак поставува основи за новите работи кои што треба да се научат за време на оваа [[фаза]]. За време на адолесценцијата, најголемиот [[развој]] кој штокојшто треба да го постигне една [[индивидуа]] е осамостојувањето од родителите. Оваа драматична промена се нарекува антиципативна социјализација, за време на која адолесцентите учат како да се подготват за улогите кои можеби ќе ги имаат подоцна во животот, во фазата на [[зрелост]].
 
Примери почажуваат дека антиципативната и адолесцентната социјализација зависат од два клучни «агенти на социјализација», училиштето и соучениците. Една од најважните работи кои семејството ги прави за време на првата [[фаза]], е да го подготви детето за социјалните предизвици кои би ги имало во училиштето. Покрај тоа што училиштата ги учат децата за основното техничко [[знаење]] тие ги учат на општествената [[култура]], [[вредности]], [[норми]] и [[идеали]]. Училиштата исто така ги учат децата да следат [[правила]], да почитуваат [[авторитет]] како и посредуваат при запознавањето на децата со нивните [[соученици]]. Нашите [[соученици]] играат огромна [[улога]] во процесот на социјализација, особено за време на адолесценцијата и раната [[зрелост]]. Природно е една [[личност]] да бара прифаќање; па кога личноста ќе најде група на луѓе со кои што може да се идентификува таа тежнее кон прилагодување на нормите кои ги има групата. Идентификувањето е исто така познато како попуштање на притисокот од страна на соучениците, што може да доведе до тоа личноста да направи многу работи само за да се вклопи во групата, на пример облекување во одреден [[стил]], употреба на дроги и учествување во воншколски активности. Иако вклопувањето во одредена [[група]] може да биде од голема важност за адолесцентната индивидуа, тоа може да предизвика [[конфликт]] со семејството. Овие како и голем [[број]] други конфликти ја покажуваат тешката природа на адолесценцијата, особено при пронаоѓањето на самиот себе или осамостојувањето од родителите.
 
Третата [[фаза]] од процесот на социјализација е зрелоста. Во оваа [[фаза]], луѓето се најверојатно целосно подготвени за тоа што ги чека во животот, имајќи ги во предвид антиципативните искуства кои ги имале во претходните две фази. Иако антиципативната социјализација постои за да не подготви за тоа што најверојатно ќе биде нашата идна улога во општеството, ние треба да одиме еден чекор понапред и да влеземе во «вистинскиот [[свет]]». Голема е веројатноста дека во текот на зрелоста ќе имаме [[работа]] која што ќе не тера да ја напуштиме антиципативната социјализација и да преминеме на професионална социјализација. Овој [[процес]] не подготвува за [[работа]], овозможувајќи ни да се стекнеме со [[знаење]] и културна основа за да бидеме успешни во нашата идна работна [[околина]].
 
Работната [[околина]] е последниот «[[агент]] на социјализација». Најголем дел од луѓето поминуваат многу време од секојдневието на работа, и тоа долги години. Луѓето се социјализираат во нивната работна околина на различни начини, во зависност од тоа кое е нивното занимање. На пример, социјализацијата како градежен работник многу се разликува од онаа на бизнисмен. Едноставна разлика може да се огледа во начинот на нивното облекување; тие драстично се разликуваат, градежниот работник носи комбинезон додека од бизнисменот се очекува да носи одело.