Санторини: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
бришење
с Бот менува: сеуште -> сѐ уште
Ред 8:
=='''Минејски Акротири'''==
Ископувањата кои започнале во 1967 година во археолошкото наоѓалиште наречено Акротири под раководство на постариот Професор Спиридон Маринатос, ја направиле Тера најпознато „Минејско“ наоѓалиште кое не се наоѓа на Крит, татковина на таа култура. Островот во тоа време не бил познат под името Тера. Само најјужниот врв на големиот град бил неоткриен, сепак биле откриени комплекси на градби со повеќе катови, улици и плоштади со остатоци од ѕидови кои биле високи и до 8 метри, сите тие биле закопани од стврднетата пепел на познатата ерупција на Тера. Наоѓалиштето не било комплекс на палати како оние кои се пронајдени во Крит, но неговите извонредни ѕидни конструкции и прекрасни ѕидни цртежи покажуваат дека ова секако не била ниту конгломеранција на складишта на трговците. Работилницата за разбој укажува организирано плетење на текстил за извоз. Оваа цивилизација од Бронзеното време се развивала во периодот помеѓу 3000 и 2000 година п.н.е и го достигнала својот врв во периодот од 2000 до 1580 година п.н.е.
Некои од куќите во Акротири се огромни структури, некои од нив се високи и до три ката. Неговите улици, плоштади и ѕидови биле зачувани во слоевите на ејектата (пепелта), понекогаш висока до 8 метри и тоа укажува дека тоа било главен град. Во повеќето куќи камените скали се сеуштесѐ уште нечепнати и тие содржат големи количини на складирани керамички ќупови, мелници и грнчарија. Значајни археолошки остатоци пронајдени во Акротири се ѕидните цртежи или фрески, кои многу добро ја задржале нивната оригинална боја, како што биле заштитени под многу метри вулканска пепел. Градот исто така имал и високо развиен систем на канализација и судејќи според извонредните уметнички дела , неговите граѓани веројатно биле софистицирани и релативно богати луѓе.
Цевките за вода и клозетите со вода се најстарите такви јавни услуги кои биле воопшто откриени. Цевките имале два поврзани системи, кои укажуваат дека Теранците користеле и топли и ладни резерви на вода; потеклото на топлата вода веројатно било геотермичко, поради близината на вулканот. Двојниот систем на цевки кој укажува дека низ нив се движеле и топла и ладна вода, напредната архитектура и очигледниот план на Акротири можат да се најдат во Платоновиот опис на легендарниот изгубен град Атлантис, понатаму укажувајќи на Минејците како на култура која првенствено ја инспирирала легендата за Атлантис.
Нецелосните ѕидни цртежи во Акротири имаат недостаток на постојаните религиозни или митски содржини кои биле добро познати во класичниот Грчки декор. Наместо, Минејските фрески кои ги отсликувале „Сафрон-Гатерерсите“, кои го нуделе прашникот со крокус на седната дама, која можеби била Божица; меѓу другите фрески во друга куќа има антилопи, нацртани со некој вид на сигурни, движечки, декоративни и калиграфски линии, познатата фреска со рибар кој држи двоен конец кој поминува низ шкргите на рибите и флотилата од бродови за задоволство, придружени со делфини кои скокаат, каде дамите седат спокојно во сенката на лесниот балдахин.
Ред 27:
==='''Модерно Санторини'''===
Санторини се обединил со Грција дури во 1912 година. Неговите најголеми населби вклучувајќи ги Фира, Оја, Емпорио, Камари, Периса, Имеровигли, Пиргос и Терасиа. Акротири е најголемото археолошко наоѓалиште, кое има урнатини кои потекнуваат од Минејското време. Во Санторини главно занимање е туризмот, особено во летниот период. Каменоломите за пемза кои се наоѓаат на островот се затворени од 1986 година, со цел да се зачува калдерата.
Санторини нема река и е сиромашен со вода. До почетокот на 1990те години, жителите ги полнеле цистерните за вода со дождот од на покривите и дворовите, од малите извори и со увезени залихи од другите подрачја на Грција. Во наредните години растенијата за десалинизација обезбедиле постојана, но сеуштесѐ уште не за пиење вода во повеќето куќи.
Островот останал да биде дом на мала, но успешна индустрија за вино, која е од локалното разновидно грозје, Асиртико. Вината направени од Ациртико се многу стари и се докажани како отпорни на филоксера, што се должи на локалните винари и од добро наводнетата вулканска почва и нивната хемија, поради што земјата немала потреба да се заменува за време на големата филоксеранска епидемија која се случила на почетокот на 20от век. Додека се приспособувале на нивното живеалиште, таквите вински лозја кои ги посадувале не успевале, нивниот првичен извор на влажност била росата и тие на почетокот биле извежбани да ги користат ниско-спирални кошници каде грозјето висело во нив и со тоа ги заштитувале од ветровите. Исто така уникатно за островот е и црвеното, слатко и многу јако Винсанто. Белите вина на островот се многу суви со силен мирис на цитрус и пепелавата вулканска почва му дава на белите вина некаков сулфурест вкус нешто сличен како оној на Винсанто. Не е лесно да се одгледува лозје во Санторини; топлите и сувите услови и ја намалуваат продуктивноста на почвата. Приходот по ар е само 10 до 20 % од приходот кој е карактеристичен за Франција и Калифорнија.
Во 1707 година ,вулканот кој е под морето се проби до површината на морето, го направи сегашниот центар на активност во Неа Камени во центарот на лагуната и ерупциите кои биле со тој центар и понатаму продолжиле – во 20от век се случиле 3 такви, последната во 1950 година. Се верува дека некое време во иднината со сигурност повторно жестоко и ненадејно ќе еруптира. Исто така Санторини беше погодено од разурнувачки земјотрес во 1956 година. Иако денеска вулканот е неактивен, денешните активни кратери (има неколку стари кратери во Неа Камени) испуштаат пареа и сулфур диоксид.