Походи на Александар Македонски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: превзема... -> презема..., двеста -> двесте
с Бот менува: Image -> Податотека
Ред 10:
Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на [[Дариј III | Дариј 3.]] во [[Битка кај Ис | битката кај Ис]] (денес во Турција, на границата со Сирија) во ноември 333. год.п.н.е. Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му [[Сисигамбa]] и непроценлива количина на богатство. Подоцна, тој му понудил мир на Александар, предавање на сите земји кои овој веќе ги освоил и откуп од 10000 таленти за своето семејство. Александар му одговорил дека бидејќи сега е тој крал на Азија, тој ќе решава за поделбата на земјата. Продолжувајќи по брегот на Средоземното море ги освоил градовите [[Опсада на Тир | Тир]] (денешен Либан) и [[Газа]] по познатите опсади.
 
[[ImageПодатотека:Battle of Issus.jpg|thumb|''Мозаик со Александар кој ја прикажува битката кај Ис'', најден во Куќата на Фаун, [[Помпеја]]]]
 
Во 332.год.п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите [[Поход на Египет| сили кон Египет]]. Во таа 332. и следнатa 331. год., Александар бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на Амон (египетски бог на сонцето, грчки: Зевс) од Египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон-Зевс како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал [[Александрија]] во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на [[Птоломејска династија | Птолoмејската династија]].
Ред 29:
 
===Поход на Индија===
[[ImageПодатотека:AlexanderConquestsInIndia.jpg|thumb|250px|Воена кампања и движење на Александар во неговиот поход на Индија.]]
После смрта на [[Спитамена]] и бракот со [[Роксана]] (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од [[Гандара]], територија на север од денешен [[Пакистан]], да му се покорат и да тргнат со него. [[Амби]], владетелот на [[Таџила]], чие кралство се простирало од [[Индус]] до [[Џелум]], така и направил. Но водачите на некои кланови, како например [[Асапсиос]] и [[Асакеноис]], познати во Индиските текстови како [[Ашвајани]] и [[Ашвакајани]] (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.
 
Ред 44:
Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката [[Инд]] и влетал во епската битка против [[Пор]], владател на територијата [[Пенџаб]] во [[Битка кај Хидасп|битката кај Хидасп]] во 326 г.п.н.е.
 
[[ImageПодатотека:Le Brun, Alexander and Porus.jpg|thumb|300px|Слика на [[Шарл Ле Брен]] на која се претставени Александар и Пор за време на [[битката кај Хидасп]].]]
 
После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел. Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал [[Букефал]], во чест на неговиот коњ кој го донел него до Индија а загинал во [[битката кај Хидасп]]. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката Инд.