Општествен поредок: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот менува: така да -> така што
Ред 32:
Не е неопходно општествениот поредок да се контролира од страна на државата. Поединците кои се раководат од личниот интерес може да создадат предвидливи системи. Овие системи, кои се планираат од повеќе лица, може всушност да бидат подобри од оние кои се планирани од едно лице. Ова значи дека предвидливоста може да се постигне без владина контрола. Не значи дека овие постојани очекувања ќе резултираат со поединци кои ќе се однесуваат на начини кои се сметаат дека се корисни за богатството на групата. Земајќи го предви ова, Томас Шелинг ја проучуваше расната сегрегација.Неговите откритија покажуваат дека интеракцијата може да создаде предвидливост, но секогаш не го зголемува општествениот поредок. Во неговото истражување тој откри дека „кога луѓето ги следат своите склоности, резултатот не е интеракција, туку сегрегација". Тој ова го тврди во “Теорија на општествениот поредок” уредено од Мајкл Хехтер и Кристин Хорни. Нерегулираната интеракција на рационалната себичност има непосакуван резултат.
=='''Општествен углед'''==
Општествениот углед може исто така дашто се однесува и за општествениот статус. Тој ги зема предвид распределбата на положбите во општеството или „дозволата, почитта, восхитувањето или разликата, кои поединецот или групата може да ги командува со помош на предноста на своите квалитети или изведби”. Најчестиот случај е дека луѓето го поврзуваат општествениот углед со положбата која поединецот ја зазема во општеството благодарение на материјалните системи и моќта. Многумина од општеството сметаат дека богатството и моќта се предмет на почит и завист кај луѓето. Кога општествениот углед се однесува на општествениот статус, тогаш тој го вклучува рангот на поединецот во рамките на стратификациониот систем. Статусот се стекнува врз основа на заслужност или со други зборови со напорна работа и успеси. Статусот може исто така дашто се наследи, ако положбата на поединецот не се доделува поради некоја заслуга, туку поради одредени особини надвор од нивна контрола како на пример, раса, пол или општествената положба на родителите. Пример за наследен статус би била Парис Хилтон. Пример за стекнат статус би била Опра Винфри и нејзината империја.<ref>[http://www.jstor.org/view/00027294/ap020476/02a00040/0?frame=noframe&userID=40f74252@ohiou.edu/01cc99331600501c8f2a3&dpi=3&config=jstor JSTOR: Accessing JSTOR<!-- Bot generated title -->]</ref>
<ref>[http://books.google.com/books?hl=en&lr=&id=ERN-wKfXyoIC&oi=fnd&pg=PA1&dq=max+weber+discussing+social+honor+and+status+groups&ots=B5VDXNWZSA&sig=dqN7u7HK0veqKydO35Yu5Ze6jxs#PPA14,M1]</ref>