Обред: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: uk:Ритуал
с Бот менува: туку што -> тукушто
Ред 5:
Значајно е да се разбере дека обредите се надворешен израз на внатрешно искусени вредности, верувања и ставови. Токму затоа обредите се толку значајни за групите и фолклористите; тие прават невидливите вредности, верувања и ставови, кои се често затскриени, да станат конкретни и видливи.
 
Токму заради тоа што обредите фунционираат на толку различни нивоа и на толку различни начини, концептот обред е истовремено лесен за дефинирање и прилично комплициран. Еден од обидите за дефиницирање е оној на Барбара Г. Мајерхоф - нејзиниот клучен аргумент е дека обредот е традиција во акција, дека тој дефинира парче од реалноста. Преку изведувањето (а понекогаш и создавањето) на некој обред одредена група означува момент во времето во текот на кој членовите на групата треба да обрнат внимание на некои од правилата и/или верувањата кои се промовирани од страна на групата. Но целта на обредот не е членовите само да “обрнат внимание“, туку штотукушто е уште поважно, тие треба да бидат убедени дека вредностите на кои се однесува обредот се реални, вистински. Обредот често е акт на убедување. Оттаму Мајерхов вели дека “дејството е важно бидејќи обредите го убедуваат најпрвин телото; однесувањето е ставено пред емоциите на учесниците“. Фразата “fake it till you make it“ (глуми дури не поверуваш), популарна психолошка ’финта’, се однесува и на обредите. Изведувањето на обредот, учеството во еден ваков настан кој го истакнува значењето на културната трансформација, ги обучува учесниците да почувствуваат дека тој настан има некаква вредност.
 
* Термините обред и ритуал се синоними, во македонската етнологија се користат и двата, иако се преферира ’обред’ заради словенскиот корен на зборот (за разлика од ритуал кој има старогрчка односно латинска етимологија ritus = церемноја, употреба, обичај)
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Обред