Необичниот случај на Бенџамин Батон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: сеуште -> сѐ уште
Ред 29:
==Синопсис==
{{Разоткривање}}
[[2005]] година, возрастната Дејзи ([[Кејт Бланшет]]), која е на својата смртна постела во болницата во [[Њу Орлеанс]], ја моли ќерка си ([[Џулија Ормонд]]) да започне да го чита дневникот, полн со слики и поштенски мартки, напишан од Бенџамин Батон ([[Бред Пит]]). Приказната преминува кон неговата гледна точка. На [[11 ноември]] [[1918]], денот во кој официјално завршува [[Првата светска војна]], се раѓа момче со физички способности на 86-годишен човек. Мајката умира при раѓањето, а таткото Томас Батон ([[Џејсон Флеминг]]), сопственик на фабрика за копчиња, го зема детето и го остава пред вратата на старечки дом. Некое време после тоа, детето е пронајдено од Куини и нејзиниот пријател Тизи, кои работат во домот. Тие решаваат да го изгледат и покрај неговиот физички изглед. Куини му дава име, Бенџамин. Со текот на времето тој се помладува. За време на 30те, кога тој сеуштесѐ уште изгледа како стар човек, Беџамин ја запознава Дејзи Фулер, чија баба е згрижена во домот. Двајцата се спријателуваат. Неколку години подоцна тој започнува да работи како кораб-влекач и се среќава со својот татко, кој всушност не му ја открива самоличноста. Бенџамин го напушта [[Њу Орлеанс]] поради тоа што се вработува на бродот, обиколувајќи го [[Атлантски океан|Атлантскиот океан]]. Дејзи го моли да и праќа и пишува писма и картички од сите места кои ги посетува. Тој и екипажот на бродот и поминуваат неколку држави, кога најнакрај застануваат во [[Русија]]. Таму Бенџамин се вљубува во [[Велика Британија|англичанката]] Елизабет Абот ([[Тилда Свинтон]]), чии сопруг е [[Велика Британија|британски]] дипломат и шпион. После кратката врска на двајцата – таа ја напушта [[Русија]] после [[Јапонија|јапонското]] напаѓање над Перл Харбор на [[8 декември]] [[1941]] година. Бенџамин и екипажот на бродот му се вклучени во составот на американската флота, и со време на мисијата успеваат да ја уништат германската подморница. Капитенот и останатите морнари загинуваат, а Бенџамин е единствениот преживеан. После откако е спасен од американскиот воен кораб, тој гледа колибри кои поминуваат покрај него. После крајот на војната тој се враќа во [[САД]] и неколку пату се среќава и разделува со Дејзи. Двајцата се вљубуваат, кога возраста почнува да им доближува и во почетокот на 60-те години започнуваат да живеат заедно. Дејзи раѓа ќерка, Керолајн, но Бенџамин продолжува да се помладува, а Дејзи – да остарува. Тој решава, дека не може да биде татко на детето и ги напушта двајцата. Дејзи и Бенџамин се среќаваат повторно во 80те, кога тој е 25 години. После тоа се разделуваат, и тој продолжува да се помладува и станува дете до симптоми на деменција, заборавајќи го минатото. Дејзи оди во старечкиот дом, каде Бенџамин е одгледан, и започнува да се грижи за него. На крај тој заборава да оди и да зборува, и умира како бебе во нејзините раце, во [[2003]] година. Во [[2005]] година, додека ураганот Катрина му се приближува на Њу Орлеанс, Дејзи умира. Керолајн гледа низ прозорецот во собата како летаат [[колибри]], симболизирајќи ги духовите на починатите.
{{endspoiler}}