Македонски фронт: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: cs:Soluňská fronta, it:Fronte macedone
с Бот менува: кое што -> коешто
Ред 1:
{{без извори}}
'''Македонски фронт''' (познат и како '''Солунски фронт''' или '''Јужен''') е името кое штокоешто се користи за фронталната линија на која што се водат вооружени судири во текот на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] помеѓу силите на Антантата и Централните сили на територијата на [[Македонија]] на просторот од [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] до Орфанскиот Залив во Егејското Море, во периодот од [[1915]] до [[1918]] година. Фронтот се протега од демаркационата линија кај [[Охрид]] (меѓу градот и манастирот [[Свети Наум]]), преку планината [[Галичица]], [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], сртовите на планините [[Баба]], [[Ниџе]] (Кајмакчалан) и [[Беласица]], долж реката [[Места]] се до Орфанскиот залив. Јужно од оваа линија се стационирани силите на Антантата (француски, британски, српски, а подоцна и италијански и грчки единици), а северно од неа се трупите на Централните сили (бугарски, германски и австро-унгарски единици). По влегувањето на [[Бугарија]] во Првата светска војна на страната на Централните сили, нејзината Втора армија есента [[1915]] година ги зазема македонските градови [[Куманово]], [[Штип]], [[Велес]] и [[Скопје]]. Пролетта [[1916]] година потпомогната од своите германски и австро-унгарски сојузници, ја освојува Рупелската Теснина и навлегувајќи во источниот дел на [[Егејска Македонија]] ги зазема градовите [[Сер]] (Серес), [[Драма]] и [[Кавала]]. Кон средината на август истата година бугарските сили, предводени од генерал [[Климент Бојаџиев]] ги разбиваат трупите на Антантата на просторот Добро Поле - Баница - [[Лерин]] и продирајќи кон [[Костур (град)|Костур]] го заземаат [[Лерин]] со околните населби. Со влегувањето на [[Романија]] во војната кон крајот на август бугарските сили преминуваат во одбрана. На [[11 септември]] [[1916]] година силите на Антантата, предводени од францускиот генерал [[Морис Сарај]], преминуваат во контраофанзива во правецот на Горничево и [[Битола]]. Во жестокиот судир кај Горничево, српско-француските трупи ја пробиваат одбраната на бугарската Прва армија принудувајќи ја на повлекување. На [[19 ноември]] тие ја заземаат [[Битола]]. По тешките тримесечни борби офанзивата на силите на Антантата спласнува и настанува затишје на целиот фронт. Во текот на [[1917]] и првата половина на [[1918]] година, се водат повеќе позициони борби од локално значење кај р. Струма, [[Црна Река]] и долж Вардарската Долина, кои нема да предизвикаат некои поголеми територијални промени. На [[15 септември]] [[1918]] година силите на Антантата предводени од францускиот маршал [[Франше Д'Епере]] (наследникот на Сарај), започнуваат силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник - Сокол. Борбите се пренесуваат во [[Пелагонија]], на десниот брег на реката [[Вардар]], [[Црна Река]] и во реонот на [[Дојран]]. Под жестокиот притисок на сојузниците бугарско-германските трупи се приморани на повлекување кон север и бугарската граница. Сојузниците заземаат повеќе делови во вардарскиот дел на [[Македонија]]. На [[29 септември]] [[1918]] година [[Бугарија]] е принудена да потпише примирје согласувајќи се да ја напушти [[Вардарска Македонија]]. Ги задржува само [[Пиринска Македонија]] и Струмичката област со градот [[Струмица]], која ќе ја загуби подоцна во корист на [[Србија]] со Нејскиот мировен договор од [[1919]] година.
 
[[Категорија:Историја на Република Македонија]]