Ката Лахтова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Малку повеќе податоци
Ред 3:
Од 1944 година е учесник во [[НОБ]], кога што била примена и за член на [[Сојуз_на_комунистите_на_Југославија|Комунистичката партија на Југославија]]. Во НОБ била политички комесар на чета и заменик политички секретар на баталјон.
Во својата долгогодишна работа и активност од ослободувањето на земјата до крајот на нејзиниот живот (24 февруари 1995 година), се здобила со богато искуство, извршувајќи притоа повеќе одговорни раководни должности и функции во органите на Републиката и во општествено-политичките организации. Била секретар на Околискиот комитет на [[Сојуз_на_комунистите_на_Македонија|КПМ]] во Радовиш, член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК СКМ, секретар на Општинскиот комитет на [[Сојуз_на_комунистите_на_Македонија|КПМ]] - Охрид, секретар и претседател на Комисијата за статутарни прашања на СКМ, член на Централниот комитет на СКМ, член на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, претседател на Конференцијата за општествена активност на жените, член на Секретаријатот на Сојузниот одбор за општествената положба на жените на Југославија, делегат на Собранието на СРМ во Собранието на [[Социјалистичка_Федеративна_Република_Југославија|СФРЈ]], претседател на Општествено-политичкиот одбор на Собранието на СРМ и потпретседател на Собранието.
Својствено за времето во кое што дејствува и работи, Ката Лахтова се пројавува како голем борец за развој на општествено-политичкиот и економскиот живот, за изградбата на општеството врз самоуправни односи, за доминантната улога на работничката класа, а се залага и за развивање и јакнење на братството и единството, рамноправноста и заедништвото на македонскиот народ и народностите.