Лошо образование: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: fi:Huono kasvatus
с Бот менува: така да -> така што
Ред 32:
Енрике сака да направи филм од оваа приказна, но Игнасио вели дека тоа ќе го дозволи под услов тој да ја игра улогата на Захара, транссексуалец. Енрике е скептичен бидејќи човекот што е пред него не е ист како оној што порано го сакал. Тој решава да оди во [[Галисија]] кај мајката на Игнасио, и таму дознава дека вистинскиот Игнасио е мртов веќе четири години, а човекот кој дошол кај него е помладиот брат на Игнасио – Хуан.
 
Енрике е заинтересира да дознае зошто Хуан го прави тоа, па затоа решава да го направи филмот без да му каже на Игнасио/Хуан дека знае. Енрике и „Игнасио“ започнуваат врска и Енрике го поправа сценариото така дашто тоа заврши со отец Маноло, кого Игнасио го уценувал поради злоупотребата за да му даде пари за да направи операција за промена на пол, како го убива Игнасио. При снимањето на сцената, „Игнасио“ изненадно почнува да плаче.
 
На сетот на филмот доаѓа Мануел Беренгер (Љуис Омар), кој прочитал во весник дека се снима филмот. Мануел е всушност вистинскиот отец Маноло кој се откажал од црквата. Мануел му признава на Енрике дека крајот на филмот не е многу далеку од вистината: вистинскиот Игнасио го уценувал Мануел, кој некако успеал да собере пари за да му ги даде, но и се заинтересирал за неговиот помлад брат Хуан. Хуан и Мануел започнале врска, а малку подоцна откриле дека обајцата сакаат Игнасио да умре. Олеснителен фактор бил што Игнасио конзумирал дрога. Хуан набавил чист хероин, со намера брат му да умре од предозирање.