Коле Ангеловски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Категоризирање, додаток на шаблони
с Бот менува: Март -> март
Ред 7:
 
==Биографски податоци==
Коле Ангеловски е роден на 14 Мартмарт 1943 година во [[Скопје]]. По средното образование, дипломира актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски – Дади уште во раното детство – како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажува интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност. Пошироката публика главно го знае како актер, иако филмот кој го режираше, “Колнати сме, Ирина” беше запазен по квалитетот на приказната и во истакнувањето на бизарните драмски спротивставувања. Како актер, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртува типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги – било да станува збор за теми од современиот живот – “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” – или пак теми од блиската или подалечната историја – “До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот” – неговите улоги припаѓаат на типот анонимни херои кои ја одбележуваат досетливоста, народниот хумор и истрајноста. Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот скопски земјотрес на 26.07.1963 година. Како актер првпат пред филмската камера застанува веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата актери, брат му [[Владимир Ангеловски]], [[Мите Грозданов]] и повозрасните [[Стево Спасовски]] и други ја толкува една од главните улоги во таа детска серија. Добитник е на многу награди како актер, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од [[Македонија]] кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност. Од 1967 година работи во Драмскиот Театар во [[Скопје]]. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 80 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 20 театарски и 40 филмски улоги. Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги. На филмската сцена, како актер, дебитира уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм “Саша “на режисерот [[Раденко Остоиќ]] и ја добива дебитантската награда на Филмскиот фестивал во [[Пула]] (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата Најдобар млад актер, за улогата во филмот “Да се дојде и да се остане” на режисерот [[Бранко Бауер]]. Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец “Татко” (“Колнати сме Ирина” – 1973) ја добива престижната Награда “Кокањ Ракоњац” на филмскиот фестивал во [[Пула]]. Автор е и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по “Мирно лето” на Д.Османли, “Викенд на мртовци”, за којшто ја добива Наградата “Златна рипка” за режија, на Фестивалот на филмска комедија во [[Голубац]], [[Република Србија]]. На истиот фестивал добива и Трета награда од публиката.
 
==Филмографија==