Жак Ширак: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: yi:זשאק שיראק; козметичке промене
с Бот менува: Февруари -> февруари
Ред 10:
== Политичка кариера ==
 
По долгиот период од 18 години кој ги служел како градоначалник на Париз, конечно доаѓа на Претседателската позиција во мај [[1995]] година. Краткиот период на затишје по неговиот избор е нарушен со масивните протести на антиглобалистите и зелените, кои инстистираа на целосно стопирање на нуклеарните проби во [[Француска Полинезија]]. Реагирајќи на критицизмот Ширак во една прилика ќе рече: “Доволно е да погледнете во 1935, постоеа луѓе кои беа против Франција да се вооружува себеси, и погледнете денес што се случува”. Меѓутоа кратко потоа на 1ви Февруарифевруари 1996 Ширак изјавува дека нуклеарните проби завршуваат за секогаш, и со тоа става крај на Нуклеарната програма на Франција. Неговата платформа на кратење на даноците и отварање на нови работни места, не направи многу да се намалат работничките протести со кои тој се соочи повтоно на почетокот на неговиот мандат. На домашен фронт, неолибералната економска ориентација, се судира со идеологијата на Премиерот кој го назначува Ширак – [[Ален Жипе]]. Ова ќе резултира во големи кратења на буџетот кои во јавноста ќе создадат големи проблеми. Ширак е често мета на јавни потсмевања и анализи. На пример во една прилика Францускиот дневен весник – Ла Монде ќе го нарече Ширак – Камелеон Бонапара, алудирајќи на големите политички смени и пазарења кои му се препишуваат со цел тој да остане на власт.
 
Едно од овие пазарења, ќе го доведе во позиција во [[1997]] година да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори. Но неговата стратегија се оценува како целосно неуспешна. Имено распуштањето на Парламентот предизвикува спојување на Социјалистите и на Либералите на вонредните избори, што ќе му донесе главоболки околу именувањето на нов премиер – Лионел Јоспин, кој не припаѓа на неговата партија. Според Францускиот устав, позицијата на Претседателот е сведена на контрола на воената и надворешната политика. Во недостаток на Премиер и разрешен Парламент, Пирак е во недостаток на кадри кои ќе се справат со големите проблеми во деловниот, социјалниот и воениот сектор во Франција. Ова повторно ќе резултира во немири, протести и незадоволство кај Француските граѓани.