Димитар Папрадишки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
бугарска верз.
с Бот менува: превзема... -> презема...
Ред 5:
Димитар Андонов Папрадишки е роден во [[1859]] година во селото [[Папрадиште]] во непосредна близина на градот [[Велес]]. Во своето родно место, а потоа и во Велес, тој се стекнал со образование кое во тоа време било достапно и успешно завршил "четврто класно училиште". Немајќи можност да продолжи со своето школување во Велес тој на многу рана возраст, на само 20 години, веќе бил самостоен во својата [[зограф|зографска]] работа приклучувајќи му се на татко му кај кого и ги стекнал првите уметнички искуства. Димитар Андонов Папрадишки потекнувал од семејство кое под принуда на [[Арнаут]]ите се иселило од родното малореканско село [[Тресонче]], и кое со генерации наназад го практикувало не само зографскиот [[занает]] туку биле и [[градител]]и, [[каменорез|каменоресци]] и [[резбарство|резбари]]. Оттаму избраниот позив на Андонов бил очекуван.
 
Желбата на Андонов да го оформи своето образование му се остварила во 1882/83 година кога ја посетува Художествената-иконографска школа во [[Киев]], во класата на професорот А. Вишневски, и која со успех ја завршува. Во 1887 година му се пружила можност да продолжи да студира на престижната Московска академија каде тој по сугестиите на својот професор Вишневски се претставил на конкурсната изложба во Духовната академија во Москва со свое дело - [[икона]] во византиски стил. Иконата го освоила сребрениот медал на конкурсот со што Андонов се здобил со парична награда од 1000 [[рубља|рубљи]] и воедно бил примен на редовно школување со [[стипендија]]. Судбината овој пат не му била докрај наклонета и тој по едно известие дека целото село и неговото семејство биле потполно ограбени од страна на Арнаутите, се враќа во Македонија за да му помогне на своето многубројно семејство. Андонов веќе не се враќа назад да се дошколува, но веднаш се вклучува во зографските работи на татко му на црквите во [[гевгелија|Гевгелиско]] и [[Дојран]]ско. Неговиот сликарски талент дошол до израз, и тој набргу, веќе бил самостоен во изработка на делата превземајќипреземајќи ги работите кој му ги препуштил татко му, увидувајќи дека синот го надминал во неговата работа.
 
==Рано творештво==