Кинеска граматика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с с
с Бот менува: така да -> така што, Image -> Податотека
Ред 1:
:''Во оваа статија се работи за граматиката на [[Стандарден мандарински јазик|стандардниот мандарински јазик]]. За граматиките на другите варијанти на кинескиот јазик, погледајте ги нивните матични статии преку врските во [[Кинески јазик]] и [[Говорен кинески јазик]].''
 
[[ImageПодатотека:Zhongwen yufa tc+sc.jpg|150px|right|thumb|中文語法/中文语法 Џунгвен јифа (кинеска граматика)]]
 
'''Граматиката на [[кинески јазик|кинескиот јазик]]''' — тука на [[стандарден мандарински јазик|стандардниот мандарински]] — дели слични [[граматика|граматички]] особености со многу [[јазик|јазични варијанти]] или [[дијалект]]и на [[Кинески јазик|кинескиот јазик]], различни од оние кај други јазични семејства, и споредливи со сличностите кои ги наоѓаме, на пример, кај [[словенски јазици|словенските]] или [[семитски јазици|семитските јазици]]. Освен генетската сличност со [[синотибетски јазици|синотибетските јазици]] на кои им припаѓа кинескиот, постојат и големи сличности со [[источноазиски јазици|источноазискиот јазичен сојуз]], група директно несродни јазици со меѓусебно влијание, во кој спаѓаат [[јапонски јазик|јапонскиот]] и [[корејски јазик|корејскиот]].
Ред 111:
*{{ruby-zh-p|听|тинг}} {{ruby-zh-p|不|бу}} {{ruby-zh-p|懂|дунг}} [聽不懂]<br>Неможе да сфати (нешто што слуша)<br>Негативен можен исходен комплемент<br>Треба да се спомене дека во оваа конструкција се негира ''исход'', а ''не'' активниот глагол, и дека тукаа треба да се употреби 不 (бу), а ''не'' 没 [沒] (меи) заради исходното дејствие, бидејќи е само можност, па така не може да биде свршена состојба.
 
Исходниот комплемент е многу моќна конструкција, и се користи често. Изразите како 饿死了 [餓死了] (е се ле, буквално: веќе гладен до смрт, со значење „гладувам“) и 气死了 [氣死了] (чи се ле, буквално: бесен до смрт, со значење „ (јас) сум крајно лут“) се пикантни додатоци на јазикот. Покрај ова, можеме да анализираме многу наставки за вид од аспект на исходниот комплемент; на пример, 了 (ле) значи „готово“ или „веќе“, па така е јасно дека ако тој се стави по глаголот, тој преоѓа во свршена форма. Сличноста запира тука, иако на пример, невозможно е да се конструира можен комплимент кој користи 了 (ле), иако тоа ''е можно'' со 了 (лиао) (ист знак, различен звук). Иако вториот начин на читање има исто значење како првиот, кај исходниот комплемент едноставно ја означува неможноста за некој глагол (на пр. 受不了, не може да трпи нешто или некој, како „Не можам да истрпам!“). Употребата на исходен комплемент (за едноставно негирање на некои глаголи) е прилично честа. Глаголите кои можат на се негираат на ваков начин често и ''мораат'' така дашто се негираат.
 
Понекогаш, користејќи го исходниот комплемент, се формираат идиоматски фрази кои немаат никаква врска со исходот. На пример, изразите 看不起, 对不起 [對不起] и 买不起 [買不起] користат 起 (чи, подигање) како исходен комплемент, но нивните значења (погледнува надолу, се извиннува, не може да си приушти) очигледно не се поврзани со фактичкото значење на знаците. Ова се јавува како резултат од метафорични конструкции, каде 看不起 буквално значи ''не може да погледа нагоре (погледа надолу)'', и 对不起 [對不起] ''не може да се соочи (со некој)''.