Господарот на прстените (книга): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: tr:Yüzüklerin Efendisi
с Бот менува: Image -> Податотека
Ред 1:
'''Господарот на прстените''' (на оригиналниот англиски: '''The Lord of the Rings'''), можеби едно од најубавите и најважните дела во [[Џ.Р.Р. Толкин|толкиновиот]] ''Легендариум'', но и во светската литература во 20. век воопшто. Своевидно продолжение на неговото претходно дело '''''[[Хобитот]]''''', ''Господарот на прстените'' претставува мајсторски раскажана сага во која се забележани настаните и пресвртите во еден (цел!) свет во еден, за него, мрачен период. Пишувана долга низа години (1937-1949), а конципирана веројатно и многу порано, оваа книга е издадена во три тома во периодот 1954-1955:
 
[[ImageПодатотека:Jrrt lotr cover design.jpg|thumb|right|250px|Првото издание на „Господарот на Прстените“]]
 
* Том 1: '''Дружината на Прстенот''' (''The Fellowship of the Ring'')
Ред 22:
Како течело времето, еден од Валарите наречен '''[[Моргот]]''' (Morgoth, забележан е и како '''Мелкор''' - Melkor) поведен од љубомора и завист, од '''[[Феанор]]''' (Fëanor), своевремено најспособниот Елдар, ги украл трите скапоцени камења наречени '''[[силмарил]]и''', ги уништил '''Дрвјата на Светлината''' кои ги имал направено самиот [[Феанор]] и се одметнал од останатите Валари засолнувајќи се во '''[[Средна Земја|Средната Земја]]''' (Средниот Свет, Меѓуземјето; анг. Middle-earth), во својата тврдина '''[[Тангородрим]]''' (Thangorodrim).
 
[[ImageПодатотека:NumenorEN.jpg|thumb|left|Мапа на [[Нуменор]], кого Елфите го нарекуваат Андор (Andor)]]
Феанор, следен од поголем дел од неговиот народ, заминал во прогонство во Средната Земја каде започнал војна против Моргот Непријателот. Таму Елфите, потпомогнати од '''Едаините''' или '''Луѓето''' (the Edain или the Men) после долгогодишни очајни борби успеале да ја добијат војната против Тангородримските орди, а Валарите го „исфрлиле“ самиот Моргот од границите на Светот. По ова, ''повеќето'' Елфи се вратиле во Валинор, а Луѓето како награда за помошта го добиле островот '''[[Нуменор]]''' (Númenor) кој се наоѓал далеку на запад од Средната Земја и „од чија највисока точка можеле да се видат Бесмртните Земји - Валинор“. Тука, под менторство на Елдарите, кралството на Луѓето цветало многу години и тие имале долг животен век. Единствено им било забрането да се обидат да допловат до Бесмртните Земји (иако им биле на видик), што тие го почитувале. Со пропаста на Моргот Непријателот и основањето на Нуменор, завршило '''Првото Доба''' или '''Првото Раздобје''' (the First Age).
 
Но Елфите кои останале во Средната Земја не добиле мир. По соборувањето на Моргот, во Средната Земја се појавил '''[[Саурон]]''' еден од Маите и слуга на Моргот. Претставувајќи се како ''Господар на Даровите'', им помогнал на елфските ковачи да го совладаат начинот за изработка на волшебни прстени, наречени '''[[Прстени на Моќта]]''' или '''Велики Прстени''' (the Rings of Power или the Great Rings). Елфите со помош на Саурон исковале најпрво девет, а потоа уште седум или вкупно шестнаесет такви прстени, додека по заминувањето на Саурон, '''[[Келебримбор]]''' (Celebrimbor), водач на елфските ковачи, исковал уште три прстени, помоќни од сите претходно исковани. Сите овие прстени биле исковани со цел да се чини добро, но Саурон повлекувајќи се во земјата '''[[Мордор]]''' (Mordor), во огнот на '''[[Проклета Планина]]''' или '''Ородруин''' (Mount Doom или Orodruin) исковал уште еден прстен создаден со умисла да ги „надвладее“ носителите на шеснаесетте (бидејќи самиот Саурон не знаел за [[Трите Прстени|Трите Елфски Прстени]]). Но кога бил искован овој [[Прстенот на Саурон|'''Прстен''']] (наречен и Единствениот Прстен или Владејачки Прстен или просто ''Единствениот - the One''). Претчуствувајќи дека наближува зло, Трите Прстени биле скриени од Саурон (за нив знаеле само оние кои ги носеле, а тоа биле најголемите елфски мудреци) кој започнал војна против целата Средна Земја запленувајќи ги шеснаесетте првоисковани. Деветте им ги дарувал на Кралевите на Луѓето од Средната Земја (не на Нуменореанските Луѓе!) кои потпаднале под негова власт, постанувајќи '''Сеништа на Прстенот''' или '''[[Назгул]]и''' (the Ringwraiths или the Nazgûl), додека Седумте ги добиле владетелите на '''[[Џуџиња]]та''', уште една раса од Средната Земја. Војната одела лошо за Елфите, се додека Нуменореанските Луѓе не притекнале во помош допловувајќи со огромна флота на бреговите на Средната Земја, така што Сауроновите војски го напуштиле својот господар, а самиот Саурон бил заробен и одведен во Нуменор, понесувајќи го со себе '''Единствениот''', за чие постоење, по сѐ изгледа, не биле свесни Нуменореанските Луѓе.
 
[[ImageПодатотека:ringinscription.jpg|thumb|right|Единствениот Прстен, заедно со написот на него - како што е покажано во [[Господарот на прстените (филм)|филмот]]: '''горе''', во рацете на [[Изилдур]]; '''во средина''', во рацете на [[Фродо Багинс|Фродо]]; '''долу''', во лавата на [[Проклета Планина]]]]
 
Користејќи ја моќта на Едниствениот, Саурон набрзо станал советник на кралот на Нуменор и го советувал да ја прекрши забраната на Валарите и отплови кон Бесмртните Земји и ги освои, зашто „кој владее со Бесмртните Земји, тој има вечен живот“, а Нуменореанците иако живееле долго, сепак биле смртни. Согласувајќи се со овој совет, кралот изградил огромна флота и запловил кон Бесмртните Земји; но мал број Луѓе кои не се согласувале со ваквата одлука на кралот запловиле кон Средната Земја - во прогонство. Кога Нуменореанците се приближиле до Бесмртните Земји, островот Нуменор наеднаш се потопил во морето, додека Бесмртните Земји исчезнале од лицето на Светот. При ова загинале сите Нуменореански Луѓе, освен оние кои заминале во прогонство во Средната Земја, додека духот на Саурон заедно со Единствениот, носен на мрачни ветришта се вратил во Средната Земја, каде прогонетите Нуменореанци веќе основале две кралства: '''[[Арнор]]''' на север и '''[[Гондор]]''' на југ.