Германи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: најксано -> најдоцна
Ред 2:
'''Германите''' се група на народи кои имаат индоевропско потекло. Германските племиња во текот низ историјата ја населиле [[Западна Европа]], [[Северна Европа]] и [[Североисточна Европа]]. Германите зборувале на повеќе слични дијалекти од [[старогермански јазик|сарогерманскиот јазик]].
 
Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на [[Бронзено доба|бронзената доба]] или најкаснонајдоцна во времето на [[Железно доба|железната доба]]. Германските племиња потекнуваат од јужна [[Скандинавија]] и [[Северна Германија]] кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во [[1 век п.н.е.]] Тие влегле во контакт со [[келти|келтските племиња]] во [[Галија]] како и со [[персијци|персиските]], [[балтички племиња|балтичките]] и [[словени|словенските]] во [[Источна Европа]]. Многу малку е познато за раната историја на германите. Она кое е познато е нивните воени конфликти со [[Римска империја|Римската империја]].
 
Во времето на римскиот император [[Октавијан Август]] и под раководство на римскиот генерал [[Публиј Квинтилиј Вер]] започнала битката за зазимање на германските територии, кои се простирале од реката [[Рајна]] до [[Урал]]. Во тоа време германите се запознале за прв пат и со римската тактика и нивното воено искуство, но и покрај големината на Римската империја, тие успеале да ја задржат својата идентичност. Во [[9]] година германите им нанеле голем пораз на генерал [[Публиј Квинтилиј Вер]] во [[Битка на Тевтобургската планина|битка на Тевтобургската планина]]. Според легендата, императорот [[Октавијан Август]] долго време не можел да се помири со поразот, имајќи секојдневни кошмари. Териториите на кои се наоѓа денешна Германија останале надвор од границите на Римската империја. Во околу [[100]] година, германите се населиле по [[Дунав]] и [[Рајна]], зазимајќи голем дел од територијата на денешна [[Германија]]. Во [[3 век]] веќе се појавиле голем број на германски племиња, од кој најпознати биле: [[алемани]], [[франки]], [[чати]], [[саксонци]] и други. Во [[260]] година, германските племиња започнале да ја преминуваат својата граница, зазимајќи некои територии од Римската империја.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Германи