Влада на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: Image -> Податотека
Ред 4:
 
==Историја==
[[ImageПодатотека:22cento42.jpg|thumb|100px|left|[[Ченто]], првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.]]
Првиот орган на извршната власт во Република Македонија бил [[Президиумот на АСНОМ]], кој е раководен орган на [[АСНОМ]] со извршни и законодавни ингеренции. Избран е на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, а делувал до Третото заседание на АСНОМ од април 1945 година, кога се реконституира како Президиум на [[Народното Собрание на Македонија]]. Своите законодавни ингеренции ги извршува во периодите помеѓу пленарните заседанија на АСНОМ, а извршните ингеренции - самостојно. Прв претседател на Президиумот на АСНОМ бил [[Методија Андонов - Ченто]].
 
Првата Влада на [[СРМ|НРМ]] е формирана на [[16 април]] [[1945]] година со одлука на Трето заседание на [[АСНОМ]]. Нејзин прв претседател бил [[Лазар Колишевски]]. Како приоритетни цели во програмата на првата Влада биле поставени: подобрување на здравствената заштита, борба против неписменоста, озаконување на [[Кирилица|македонската азбука]] и правописот на [[македонски јазик|македонскиот литературен јазик]], развој на училиштата и формирање универзитет, развој на народно судство, борба против бирократијата и демократизација на органите на народната власт со спроведување слободни и тајни избори.
 
[[ImageПодатотека:Првата Влада на РМ.jpg|thumb|200px|right|Првата Влада на НРМ на чело со [[Лазар Колишевски]].]]
Во периодот од 1944 до денес (2009), во Република Македонија се смениле вкупно 24 влади и 13 претседатели. Во периодот од 1945 до 1991 година на чело на македонските влади, кои во еден период се нарекувале ''Извршен совет'', застанале осум претседатели, додека од 1991 до 2005 година пет премиери формирале влади.