Атомска орбитала: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: hr:Orbitale
с Бот менува: Image -> Податотека
Ред 1:
'''Атомска орбитала''' е [[Функција (математика)|математичка функција]] која го опишува брановидното однесување на [[електрон]]ите во еден [[атом]]. Тргнувајќи од оваа функција, може да се одреди (пресмета) регионот во кој може да се најде електронот кој кружи околу еден атом. Всушност, атомските орбитали ги претставуваат можните [[Квантна состојба|квантни состојби]] на еден електрон во електронскиот облак околу еден атом.
 
[[ImageПодатотека:Electron orbitals.svg|right|thumb|350px|Електронски атомски и [[Молекулска орбитала|молекулски]] орбитали. Табелата со орбитали (''на лево'') е одредена со зголемувањето на енергијата (види [[Маделунгово правило]]). ''Забележи дека атомските орбитали се функции од три варијабли (два агли и растојанието од [[Атомско јадро|атомското јадро]], r). Овие илустрации ја претставуваат аголната компонента на орбиталата, а не целосната орбитала.'']]
 
Идејата за орбитоидното движење на електроните внатре во атомот била за прв пат објавена во [[1904]] година. Од [[1913]], па до [[1926]] година, за електроните се мислело дека орбитираат околу атомското јадро на сличен начин како планетите околу Сонцето. Објаснувањето на природата на електронските "орбити" било една од главните причини за развојот на [[Квантна механика|квантната механика]]. Во квантната механика, атомските орбитали се дефинираат како [[Бранова функција|бранови функции]] над просторот, индексирани со [[Квантен број|квантните броеви]] ''n'', ''l'' и ''m'' на орбиталата, или со имињата користени при [[Електронска конфигурација|електронските конфигурации]], како што е покажано на десно. Бидејќи електроните неможат да се опишат како цврсти честици (како што е планетата), посоодветна аналогија за дефинирање на електронот е онаа која вели дека тој претставува чудно обликувана атмосфера (облак) која кружи околу релативно мала планета (атомското јадро). Поради разликите кои постојат со класично-механичките [[Орбита|орбити]], терминот "орбита" (која го опишува движењето на електроните околу атомот) е заменет со ''орбитала''.