Американска тринга: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с с
с Бот менува: честопати -> често пати, сеуште -> сѐ уште, Image -> Податотека
Ред 26:
Возрасните примероци имаат сиви нозе и долг, прав, темен и робусен клун. Телото им е темносиво од горната, а светлосиво од долната страна. Опашката е бела со темен појас на крајот. На северноамериканските плажи оваа птица лесно се препознава по карактеристичната црно-бела шара на крилата.
 
[[ImageПодатотека:Mikebaird - willet-7958 (by).jpg|thumb|left|Американска тринга во лет, со истакната шара под крилата]]
Два подвида на оваа птица (кои може и да се посебни видови) имаат сосем различни средини и предели. Источноамериканската тринга се размножува во крајбрежни солени мочуришта од [[Нова Шкотска]] до Мексико и Карибите. Презимува на атлантското крајбрежје на Јужна Америка. Западноамериканската тринга се размножува во слатководни прериски мочуришта на западот на [[Северна Америка]]. Презимува на обете крајбрежја, од средноатлантските држави, па јужно барем до Бразил на Атлантскиот Океан, и од Орегон, па јужно до Перу на Тихиот Океан.
 
Американската тринга се гнезди на земја, на мошне скриени места во ниска трева, честопатичесто пати во колонии. Се храни во калива земја или во плитка вода, и бара храна со боцкање по калта или собира директно од површината. Главно се храни со инсекти, ракчиња и морски црви, но исто така јаде и извесен растителен материјал.
 
Во доцниот XIX и раниот XX век бројот на американските тринги нагло опаднал со нивен интензивен лов. Оттогаш нивниот број е зголемен, но сепак сеуштесѐ уште се на ризик, особено со постојаната загуба на нивните природни живеалишта.
 
==Фусноти==