Википедија:Претпоставете добронамерност: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
+секција „Демонстирајте добронамерност“
+секција „Справување со зли намери“
Ред 28:
==Демонстирајте добронамерност==
Покрај тоа што ќе претпоставувате добри намери, охрабрувајте ги останатите да претпоставуваат добри намери преку демонстрација на Вашата сопствена добронамерност. Можете ова да го направите преку артикулирање на Вашите чесни мотиви и преку правење уредувања кои ја покажуваат Вашата волја за компромисност, интерес во подобрувањето на Википедија, послушност кон принципите и напатствијата, верба во прецизноста на Вашите уредувања, одбегнување од искористување на системот и друго добронамерно однесување. Покажувањето на добронамерност не е строго барање, но навистина помага кон глатки и успешни интеракции со уредувачите.
 
==Справување со зли намери==
Дури и кога злите намери се очигледни, не делувајте [[Википедија:Учтивост|неучтиво]] за да вратите, не ги [[Википедија:Без лични напади|напаѓајте]] другите и не покажувајте нервоза. Многу е полесно да се реши еден спор и да се види кој ги прекршува принципите ако едната страна очигледно уредува правилно и темелно.
 
[[ВП:АДМИН|Администраторите]] на Википедија и други искусни уредувачи вмешани во разрешувањето на споровите обично ќе бидат расположени за помош и се многу способни за препознавање на однесување кое ги крши принципите ако нивното внимание е посветено кон јасни и одредени докази.
 
==Видете исто така==